Научниците загрижени: По 90 милиони години Антарктик може да раззелени

Денес ни е незамисливо дека замрзнатиот континент Антарктик некогаш бил зелена оаза полна со живот. Благодарение на глобалното затоплување полека, но сигурно, процесот на повторно раззеленување на Антарктик е започнат.

Најстуденото место на планетата Земја и воедно единственото ненаселено место е континентот Антарктик. Вечниот мраз не дозволува таму да има градови, па освен неколку непостојани научно-истражувачки центри, Антарктик е празен од луѓе.

Тоа не било случај пред 90 милиони години кога оваа замрзната земја изобилувала со зеленило и со жив свет, нормално - без луѓе. Жив свет има и денес, но само ретки видови можат да живеат на тој студ. Не бадијала Антакртик уште го викаат и „кралство на пингвините“.

Благодарение на глобалното затоплување, за што е виновник само и единствено човекот, научниците потврдија дека Антарктик повторно е во процес на раззеленување. Нормално, тоа е сѐ уште во многу почетна фаза, но натаму оди работата.

Кога Антарктик повторно ќе го открие своето копно, тоа ќе биде многу интересно за научниците бидејќи ќе дојдат до лесен пристап до историја скриена милиони години. Воедно, зелениот Антакртик ќе овозможи нови површини за населување, нови рудни богатства и плодна земја за садење разни култури.

Но, има многу потемна страна. Антарктик моментално е под огромен мраз. Кога целиот тој мраз ќе се стопи, нема едноставно да исчезне, туку водата ќе влезе во светските океани и ќе предизвика значително зголемување на водната површина. Тоа ќе резултира со катастрофални последици по сите населени места кои денес се на бреговите, водата ќе ги поплави сите пониски места и ќе го измени геофраскиот лик на Земјата. И не само тоа, туку ќе предизвика и огроман бегалска криза од светски размени - сите тие луѓе кои живеат во крајбрежните градови масовно ќе се иселуваат кон внатрешноста.

Remote video URL
реклама

Вести

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Read more
 

Гик

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Читај повеќе