Наука за почетници: Зошто Земјата е тркалезна?

Иако тимот на Flat Earth Society нема да се согласи со нас, Земјата е тркалезна. Добро, не баш во вистинска смисла на зборот, но ние ќе го користиме тој термин. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто е тркалезна?

За сѐ е „виновна“ силата поради која на Њутн му падна јаболкото на глава. Претпоставувате, станува збор за гравитацијата. Исак Њутн беше еден од првите што ја предложи идејата дека Земјата не е совршено округла, туку дека е сплескана на половите и издолжена по екваторот. Беше во право. Растојанието на јадрото од површината е приближно 21 километар поголемо кон екваторот отколку кон половите. Гравитацијата е подеднакво силна насекаде на Земјата. Ако ова не беше точно, тогаш ќе имаше многу големи разлики во атмосферскиот притисок на Земјата и нивото на морето. Честичките на исто растојание се под влијание на истата гравитациона сила што предизвикува сферична форма. Кога на ова ќе ги додадеме Земјината ротација и центрифугалната сила, ќе добиеме малку поовален облик.

Поради нерамномерната распределба на масата на Земјата, таа е уште понесовршена отколку што мислиме. Ајде прво да се позанимаваме со тоа како воопшто станала тркалезна. Се верува дека Земјата е формирана пред околу 4,6 милијарди години. Се формирала од огромна количина прашина и гас што се наоѓала во Сончевиот Систем. Она што го знаеме е дека секоја маса привлекува некоја друга маса. Гравитационата сила е всушност многу слаба. Тоа е најслабата од четирите основни сили, но кога станува збор за милијарди тони гравитациона сила помеѓу телата, таа секако станува значајна. Голема количина на гас и прашина под влијание на гравитацијата се згуснува во протопланетен диск во кој се формираат акумулации на честички кои под зголеменото влијание на гравитацијата ја формираат најсоодветната форма - сфера.

Меѓународната астрономска унија донесе одлука во 2005 година дека ваквиот процес на формирање е еден од критериумите за некој објект да се смета за планета.

Поради издаденоста на екваторот, најоддалечената точка од центарот на Земјата не е Монт Еверест, туку вулканот Чимборазо во Еквадор. Причината за ова е што вулканот е поблизу до екваторот. Кога на Земјата би имало само вода и кога наклонот на нејзината оска постојано би се менувал со поголема брзина, нашата планета би била совршено тркалезна и глатка. Ние сепак ја сакаме какво што е. Сплескана, несовршена, зелена, сина, погодна за живот и прекрасна.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе