Навални е преместен во самица: Неописливо ѕверство, многу карактеристично за Кремљ

Затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални вчера соопшти дека бил префрлен во самица во, како што рече, очигледен обид да биде замолчен.

Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, кој веќе отслужува затворска казна од 11 и пол години за измама, непочитување на судот и прекршување на условната казна, ги отфрла обвиненијата како политички мотивирани и монтирани.

Навални рече дека само неколку дена пред да го посетат членовите на блиското семејство, затворските службеници му рекле дека тој се смета за „невиден криминалец“ и дека ќе биде преместен во тесна ќелија, каде што повеќе не се дозволени посети.

„Нема да имам повеќе посети...што е тука е, ќе го поднесам филозофски. Тоа го прават за да ме замолчат. Значи, која е мојата прва должност? Така е, да не се плашам и да не молчам“, рече Навални во неколку објави на Twitter пренесени од неговите најблиски луѓе, додавајќи дека одлуката за забрана на неговите посети одразува „навистина неописливо ѕверство, многу карактеристично за Кремљ“.

Тој ја заврши серијата твитови со апел до луѓето да се борат со војната и Путин.

Руското Министерство за внатрешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар.

Навални минатиот месец рече дека властите отвориле нова кривична постапка против него за промовирање тероризам и екстремизам, што би можело да ја удвои должината на неговата затворска казна.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе