Психолошко насилство

Навални: Ме тераат да гледам државна телевизија 8 часа дневно

Б.С.Б.
/ 26.08.2021 / 10:23

Рускиот опозиционер Алексеј Навални го даде првото интервју од затвор, споредувајќи го истиот со кинески „работен логор“, велејќи дека е принуден осум часа на ден да гледа државна телевизија.

Навални отслужува затворска казна од две и пол години во затвор оддалечен 100 километри источно од Москва. За New York Times изјави дека деновите на тешка работа во советскиот гулаг се завршени, но заменети со психолошко насилство преку перење на мозокот и пропаганди.

Вели дека во затворот владее култура на кодошење и константно надгледување. Чуварите го надгледуваат него и останатите затвореници додека гледаат државна пропаганда, не дозволувајќи им да читаат или пишуваат. Ако некој случајно заспие, веднаш го будат.

Понатаму во интервјуто, Навални не ја губи надежта дека еден ден грешката ќе биде исправена, а Русија ќе стане демократско општество. Вели дека никој од затворениците не го нападнал, дури и му е забавно со нив.

На крајот од разговорот, Навални прозборува и за невролошките нарушувања кои му се јавиле во затворот, нагласувајќи како сега се помалку изразени особено откако чуварите престанале да го будат на секој час во ноќта.

„Сега разбирам зошто недостатокот од сон е еден од омилените начини на мачење на специјалните служби. Нема траги и невозможно е да издржите“, истакна рускиот опозиционер.

Овој месец Навални е обвинет за нови кривични дела поради кои би можел да остане во затвор уште три години. Доколку судот го прогласи за виновен, на слобода најрано може да се најде во 2024 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе