Навални остро го обвинува Западот во интервју од затвор што сега „исплива“ на површина

Во едно досега невидено интервју, Алексеј Навални ги нападна „корумпираните функционери“ кои живеат во Лондон и му помагаат на режимот на Владимир Путин да ги скрие валканите пари.

Sky News дојде до интервјуто во кое покојниот руски опозициски лидер зборува за неговата надеж за подобра иднина на својата земја и за ризиците за кои знаел дека ги презема.

Интервјуто било снимено во февруари 2020 година и се верува дека е едно од последните што ги дал Навални додека бил целосно здрав. Да потсетиме, човекот кој важеше за најгласниот критичар на претседателот Путин падна во несвест на 16 февруари и никогаш не се разбуди.

Телото е вратено на мајката

Телото на Навални и е вратено на мајка му, потврди неговата портпаролка пред два дена. Оваа информација дојде откако на мајката на Навални наводно и било кажано да се согласи на „тајно погребување“ бидејќи во спротивно тој ќе биде погребан во затворската колонија каде што починал.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, во објава на мрежата X (Twitter) им се заблагодари на сите што побараа да му се врати телото.

„Погребот допрва треба да се одржи. Не знаеме дали властите ќе се спротивстават да се изврши онака како што сака семејството и како што заслужува Алексеј“, рече таа.

Претходно, вдовицата на Навални, Јулија Навалнаја, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека го држела телото на нејзиниот покоен сопруг „како заложник“.

„Западот воопшто не прави ништо“

Во август 2020 година, Навални беше отруен додека бил на лет за Москва. Во опширното интервју се зборува за неговите надежи за иднината на Русија како дел од Европа, за неговата лична безбедност, но и за однесувањето на Британија и Западот, кои им овозможуваат на соработниците на Путин да се извлечат со тоа.

„Западот воопшто не прави ништо, би рекол. Има некои ритуални танци, но всушност ништо не се случува. Зошто корумпираните службеници сè уште живеат во Лондон? Затоа што овие корумпирани функционери хранат огромен број прекрасни лондонски адвокати“, вели Навални во интервјуто.

„Овие луѓе ќе изгледаат многу цивилизирано, ќе бидеме среќни да разговараме со нив ако седнат до нас, ќе носат вратоврски и ќе се однесуваат добро, а во исто време им служат на интересите на ултимативни бандити“, додава рускиот опозиционер.

Инаку, Британците тврдат дека му оддале почит на животот на Навални, кој ја разоткри руската корупција.

„Велика Британија санкционираше 2.000 поединци, компании и групи како дел од нашите санкции за Русија, додека директно ги таргетираат елитите поврзани со Путин во ОК преку антиклептократската ќелија на Националната агенција за криминал. Корупцијата и клептократијата никогаш нема да бидат добредојдени на нашите брегови“, соопштија тие.

„Сите луѓе овде сакаат да живеат како Европа“

Во досега невиденото интервју, Навални зборува за сопствените очекувања и надежи.

„Русија е европска земја, сите луѓе што живеат тука сакаат да живеат како Европа. Затоа се надевам дека за 10 години, ако повторно ме интервјуирате, ќе можам да ви кажам како успеавме да го надминеме корумпираното перење пари“, нагласува Навални.

Интервјуто, добиено од Sky News, е снимено како дел од неприкажаната документарна серија After The Fall, во режија на Метју Торн и продуцирана од Ендрју Данкан.

Кој беше Алексеј Навални?

Поранешниот адвокат и националистички политичар Алексеј Навални предизвика протести во 2011 и 2012 година во Русија и работеше против изборната измама и владината корупција истражувајќи го внатрешниот круг на Путин и споделувајќи ги наодите во видеата кои собраа стотици милиони прегледи.

Врвот на неговата политичка кариера беше во 2013 година, кога освои 27% од гласовите на изборите за градоначалник на Москва, за кои малкумина веруваа дека се слободни или фер. Тој со години остана трн во окото на Кремљ, па меѓу другото откри дека палатата на Црното Море е изградена за лична употреба на Путин. Тој ги изложи и вилите и јахтите што ги користел поранешниот претседател Дмитриј Медведев.

Во 2020 година, Навални падна во кома за време на летот над Русија. Се покажа дека тој бил отруен со нервниот агенс новичок од руската безбедносна служба ФСБ и беше префрлен на лекување во Германија. Кремљ негираше дека се обидел да го убие и рече дека нема докази дека бил отруен со нервен агенс.

По закрепнувањето, Навални се врати во Русија во јануари 2021 година, каде беше уапсен поради кршење на условната слобода и осуден на првата од неколкуте затворски казни.

Навални беше осуден на 19 години затвор во август минатата година, откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка заедница, финансирање екстремистички активности и многу други злосторства. Тој веќе одлежа 11 и пол години во затвор со максимална безбедност за измама и други обвиненија, што тој ги негираше.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе