Навални поднесе тужба до затворот затоа што одбиле да му дадат Куран

Б.С.Б.
/ 13.04.2021 / 17:37

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални наведе дека поднел тужба против затворот во Москва откако службениците одбиле да му  донесат Куран, светата книга на муслиманите којашто ја побарал на почетокот на рамазанскиот пост.

Навални вели дека бил принуден да реагира откако било одбиено неговото барање, додавајќи дека тоа дополнително го вознемирило.

Во објава на Instagram, Навални вели дека си поставил цели за подобрување на личниот развој во затворот. Тој посочува дека една од неговите цели е подлабоко да го разбере Куранот.

„Тие не ми даваат Куран, ова е крајно вознемирувачки“, смета Навални. Тој додава дека и претходно го анализирал и читал Куранот, но не успеал во целост да ја разбере неговата суштина и основа.

„Сфатив  дека ако сакам да бидам вистински христијанин, тогаш мора прво да ги разберам и сфатам другите вери и да го проучам Куранот“, додава тој.

На Instagram тој понатаму напиша дека веројатно никој не ни можел да помисли дека првата тужба против затворската колонија ќе биде поради Куранот.

„Сите околу мене постојано расправаат за исламот и за муслиманите и се разбира, 99% од нив ништо не знаат за тоа. Одлучив да бидам најдобар во однос на Куранот меѓу немуслиманските руски политичари“, вели Навални.

Според неговите зборови, тој донел многу книги во затворот, но сè уште не му биле дадени бидејќи мора да ги проверат поради екстремизам. Таа постапка трае веќе три месеци.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе