Навални требало да биде разменет за руски платен убиец, Путин се откажал во последен момент

Макфакс
/ 26.02.2024 / 17:20

Имаше план Алексеј Навални, затвореник во Русија, да биде разменет со платениот убиец Вадим Красиков, кој издржува доживотна казна затвор во Германија, но рускиот претседател Владимир Путин одлучи поинаку, изјави претседателката на Фондацијата за борба против корупцијата, Марија Певчих. Оваа Фондација е основана од Навални.

Според неа, по целосната инвазија на Украина, „станало очигледно дека Навални мора да биде ослободен од затвор по секоја цена“ по што неговите поддржувачи решиле да ја организираат неговата размена за еден од руските шпиони затворени на Запад.

Како што рече Певчих, ваквата размена може да се изврши за неколку месеци доколку има политичка волја, но „американските и германските претставници кимнаа со главите со разбирање, но не направија ништо“.

Со посредство на „познатите политичари“ и „најбогатите луѓе на планетата“, рече Певчих, соработниците на Навални успеаја првпат да добијат одобрение за планот за размена во пролетта 2023 година, но потоа на крајот сè се распадна. До декември планот беше повторно одобрен. Според Певчих, предлогот за размена на Навални на Владимир Путин му го дал бизнисменот Роман Абрамович.

Според нејзините зборови, пренесени од Медуза, на 15 февруари добила информација дека преговорите за размена на Навални за Красиков „се во завршна фаза“.

„Ви ја кажувам оваа приказна за сега да имате одговор на прашањето зошто е убиен Навални. На Путин му беше јасно: единствениот начин да се добие Красиков е да го замени со Навални“, рече таа.

Певчих го изрази своето мислење дека Путин е „опседнат со омраза кон Навални“ и дека претседателот „толку го мрази што дејствува на штета на себе и на сопствените рационални интереси“.

Певчих не обезбеди никакви документи или докази за поддршка на оваа верзија.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе