Навистина е крај за Гарет Бејл

Велшанецот Гарет Бејл (34) ја изненади денеска фудбалската јавност објавувајќи крај на кариерата која ја почна пред 17 години во Саутемптон, а ја заврши во Лос Анџелес Галакси.

„По внимателно размислување, објавувам моментално повлекување од клупскиот и репрезентативниот фудбал“, напиша Бејл на Twitter.

URL

Зад велшкиот фудбалер е импресивна кариера во која освои пет трофеи во Лигата на шампиони и три шпански титули.

Кариерата ја почна во Саутемптон, а стана познато име во светот на фудбалот настапувајќи за Тотенхем. Од лондонскиот клуб потоа мина во редовите на мадридски Реал за тогаш рекордни 100 милиони евра. Во првите сезони во Реал играше одличен фудбал, но подоцна стана финансиски проблем за Кралскиот клуб, кој го врати како позајмен фудбалер во Тотенхем, а по истекот на договорот Бејл го облече дресот на американски ЛА Галакси.

Настапи со Велс на последното Светско првенство во Катар, а неговиот последен официјален натпревар во групната фаза против Англија е воедно и рекорден 111. репрезентативен настап во велшката историја.

„Фудбалот ми пружи некои од најубавите моменти во животот, во текот на 17-те сезони и тоа ќе биде невозможно да се повтори“, порача Бејл.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more
 

Спорт

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе