НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени

Народната банка денеска ја затвори банката Еуростандард АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови.

Согласно 31 јули 2020 година, обесштетени ќе бидат 136.619 депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетени во целост зашто ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра.

– Ја уверуваме јавноста дека вложивме исклучителен напор да се најде поинакво решение за банката, да не дојде до нејзино затворање, рече Ангеловска-Бежоска на прес-конференција.

Во изминатиот период заради ризици во работењето Еуростандард банка била под засилен супервизорски надзор. НБ постојано и изрекувала мерки и го засилувала интензтетот на супервизијата за да се отстранат слабостите. Воспоставени и биле и ограничувања на кредитната активност. Дозволено и било кредитирање единствено на клиенти со ризик А и Б, а имала и построг дозволен лимит за поединчена изложеност кон клинетите, поставен на пет проценти од сопствените средства наспроти законскиот лимит од 25 отсто.

Клучните проблеми на Еуростандард банката, оцени гувернерката, биле одраз на слабостите од минитиот период, а не на тековните состојби.

– Една од најголемите слабости на работењето на банката беше поголемото преземање кредитен ризик што се согледува преку слабиот квалитет на кредитните портфолиа или помалото обезбедување на кредитите што се давани, а тоа резултира со кредитни загуби, објасни Ангеловска-Бежоска.

Според последните податоци, кредитие учествуваат со 50 проценти од вкупната актива на банката, односно 3,6 милијарди денари е нето вредноста на кредитното портфолио.

Во Еуростандард банка АД Скопје работеле околу 170 лица. Гувернерката изрази надеж дека тие ќе бидат апсорбирани од останатите банки зашто се работи за квалитетен кадар.

Еуростандард банка АД Скопје имаше и ексклузивен договор со Македонска пошта за користење на шлатерите за платен промет. Ангеловска-Бежоска рече дека со отворањето на стечајната постаја, тој договор престанува, а на Македонска пошта е да ја согледа потребата од склучување договор со други банки.

Тагови
реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе