НБА: Како се заработуваат 306.000 долари за осум секунди на паркетот?

Синоќа се одиграа последните натпревари од лигашкиот дел од НБА лигата, а многу интересна сцена видовме на дуелот помеѓу Кливленд и Милвоки.

Како и повеќето тимови кои обезбедија пласман во плеј-офот, така и Милвоки на последниот меч ги одмори сите ѕвезди со исклучок на една.

Џру Холидеј беше во стартната петорка на Бакс на гостувањето против Кавалирс и сите беа изненадени од потегот на тренерот Мајк Буденхолцер.

Она што беше уште поизненадувачки е тоа што веднаш на почетокот на натпреварот, по само осум секунди, Холидеј направи прекршок, а потоа излезе од теренот и со насмевка од уво до уво седна на клупата и не се врати во игра.

Но, имаше многу важна причина за овие настани. Поточно 306.000 причини.

Во договорот Холидеј имаше клаузула за оваа сезона во која требаше да заработи бонус од 306.000 американски долари за 67 одиграни натпревари. Пред овој меч, Холидеј на своето конто имаше 66 натпревари, па синоќешните осум секунди му беа доволни да го земе бонусот.

Од овој потег, особено на тренерот Буденхолцер, бил воодушевен и Леброн Џејмс кој го сподели видеото од почетокот на играта и напиша „обезбеди си ги парите“.

URL
Тагови
реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Кошарка

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Read more

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе