Не е важно колку чекори правите, туку колку брзо одите

А.С.
/ 15.09.2022 / 13:13

Пешачењето е една од наједноставните физички активности и одлична вежба, без оглед на нивото на вашата кондиција.

Не треба да купувате скапа опрема и уште поскапи додатоци, сè што ви треба се удобни патики од кои нема да ве болат нозете. Редовното пешачење помага да се ослободите од вишокот килограми, го регулира крвниот притисок, делува антистресно и ја одржува кондицијата на завидно ниво.

Но, дали знаевте дека брзината со која одите може да биде уште поважна за вашето здравје од бројот на чекори што ги правите? Барем така покажуваат неодамна спроведените истражувања. Иако со години се сметаше дека 10.000 чекори дневно се најдобро решение за побавно стареење, најновото истражување покажува поинакви резултати. Врз основа на добиените податоци, експерти во Австралија заклучиле дека луѓето кои пешачат брзо живеат подолго од оние кои пешачат бавно, без разлика на нивната тежина.

Како што пренесува Daily Mail, во истражувањето учествувале 78.000 луѓе над 40 години. Резултатите следени во текот на две години покажаа дека секои 2.000 чекори дневно го намалуваат ризикот од прерана смрт за дури 10 проценти. Она што е уште поинтересно е фактот дека оние кои оделе побрзо имале уште подобри резултати.

„Броењето чекори сè уште најчесто се користи за следење на различни активности благодарение на зголемената популарност на фитнес уредите и апликациите, но само мал број луѓе размислуваат за темпото на нивните чекори“, вели професорот Емануел Стаматакис, водач на истражување и експерт за јавно здравје на Универзитетот во Сиднеј.

Според него, луѓето кои пешачат побрзо ментално стареат побавно, покажуваат повисоки когнитивни способности и во просек имаат повисок коефициент на интелигенција. Покрај тоа, редовното пешачење придонесува за подобра физичка форма, што пак го продолжува животот.

„Она што можеме да го заклучиме од ова ново истражување е фактот дека за доброто на здравјето на луѓето, не само што е неопходно тие да се обидуваат да прават најмалку 10.000 чекори дневно, туку и да се стремат да одат што е можно побрзо“, додава д-р Метју Ахмади, друг истражувач на оваа студија.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе