Не, не го тролаат Трамп: Објавен првиот трејлер за серијата „Space Force“

Фановите на „The Office“ и Мајкл Скот сигурно ќе бидат задоволни.

Замислете Мајкл Скот од „The Office“ да добие тим од научници и астронаути и одврзани раце да развие програма со која САД ќе имаат целосна доминација врз вселената.

Тоа е премисата во првиот трејлер за новата комична серија на Netflix насловена едноставно „Space Force“, со Стив Карел во главната улога на генералот Марк Р. Неард.

Неард е одликуван пилот кој сонува да биде шеф на Воздухопловните сили, но наместо тоа, го изместува од колосек веста дека е назначен да ја води штотуку формираната шеста гранка на Вооружените сили на САД – Вселенските сили (Space Force).

Иако е скептичен за тоа што подразбира службата, тој решава да даде сѐ од себе на работното место, што секако претпоставувате, воопшто не му оди од рака.

Една од јасните шеги уште во трејлерот е поврзана со тоа што членови на специјалните сили постојано се подбиваат со наредбите од претседателот. Иако името на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, не се спомнува, не може да не се поврзат точките: самото име на серијата е името на новата воена гранка што ја отвори Трамп. Тој повика да се формираат Вселенските сили во јуни, 2018 година и истите беа формирани лани.

Во „Space Force“ ќе ги гледаме талентираните Џон Малкович, Дијана Силверс, Тауни Њусам, Бен Шварц, Лиса Кудроу, Џими О. Јанг...

Премиерата е закажана на 29 мај на Netflix.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе