Не правете грешки: Пет работи кои треба да ги избегнувате во нова врска

Проверете дали правите некоја од најчестите грешки кога ќе започнете врска со нов партнер.

Првите денови од врската најчесто минуваат во блаженство, по цели денови само мислите на саканата личност. Но, многу односи се распаѓаат во текот на првите три месеци, кога почнуваат да се гледаат маните на другата личност – пред врската да стане сериозна.

Кои се најчестите грешки кои луѓето ги прават на почетокот на врската и како да ги избегнете?

1. Премногу рано зборувате за иднината

Добро е да се знае што сакате од потенцијалниот партнер. Но, немојте веднаш да се отворите.

„Не го кажувајте вашиот план за следните 20 години во тие први неколку дена од врската. Тоа може да звучи застрашувачки за другата страна. Исто така, значи дека сте ја уништиле приликата да видите како работите би се одвивале со таа личност по природен пат“, вели психологот и експерт за врски Ема Кени.

2. Не учите од претходните врски

„Сетете се на последната врска и размислете што тргна погрешно. Запрашајте се што погрешно правите во односите“, вели Кени.

Можеби имате навика или потреба да се дружите со емоционално недостапни луѓе или се борите да се почитуваат вашите граници.

3. Работите одат премногу брзо

„Многу мои клиенти грешат што одат пребрзо. Да кажете некому дека тој е вистинскиот и дека сте длабоко поврзани за него по еден или два состаноци, не е баш добро“. Вели Кени.

4. Игнорирање на црвените сигнали

Сите сме го искусиле тоа, се гледаме со некого веќе неколку недели и иако изгледа совршено, одеднаш сме сведоци како тој е непристоен кон некого или постојано комуницира со бившите партнерки. Не ги занемарувајте овие сигнали.

„Тие се важни бидејќи значат дека треба да се оддалечите од таа врска. Ако ги занемарите, може да завршите во ужасна врска“, советува Кени.

5. Проценете колку сте сексуално компатибилни

Сосема е природно сексот со новиот партнер на почеток да не е баш најдобар, бидејќи се запознавате.

Но, ако проблемите во кревет продолжат, тоа може да биде знак дека не сте еден за друг. Долгорочно, здрав однос може да имате само со некој со кој сте сексуално компатибилни.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Читај повеќе
  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе