Не, сестро, не е грев да мастурбираш

Нова приказна од секс колумнистката на КАЈГАНА.

Пред некое време налетав на пост на некоја од оние „женски“ Facebook групи во кој една членка бараше помош од своите колешки за нејзиниот сексуален живот. Проблемот беше нешто во следните црти (парафразирано секако): „Во ковид изолација сум, не сум имала сексуални одности неколку недели. Дали во овој случај мастурбацијата е грев? Дали ако користам играчки, го изневерувам дечко ми? Дали треба да ги тргнам иконите дома пред чинот?“

Моето прашање е: за колку икони станува збор сепак? Но, во сета сериозност, неколку пати морав да го прочитам постот за да ја опфатам целата поента зад истиот. Коментарите решив да не ги читам. Прво, сакам сепак да ѝ честитам на таа жена, дека собрала некоја храброст да ги постави овие прашања кои ја мачеле, а не да преќути и да се препушти на „пост и молитва“. Многу жени не би се решиле ни на тоа, верувам.

Женската мастурбација, дури и во 21. век е сѐ уште табу тема, особено на Балканот. Неколку пати зборував за тоа колку всушност е важна, и како е дури и еманципирана жена (а се сметам себе си за таква) да отиде во секс шоп по сопственото задоволство и по коментарите кои ги добив за возврат сфатив дека многу жени поминувале низ истите или сличните дилеми. Она што можеби не е очигледно е дека табуто околу женската мастурбација е всушност само дел од проблемот наречен потиснатата женска сексуалност (барем на Балканот).Тоа се гледа по начинот на кој сѐ уште етикетираме жени кои се комотни со нивното тело како „проститутки“ (и други пофолклорни изрази), како ги учиме пријателките да го чуваат своето тело само за себе и по тоа како баба ми на ручек ќе се подонесвестеше кога внуките ќе спомнеа секс (а сите бевме далеку полнолетни). Добро, баба ми (покој ѝ на душата) припаѓаше на друга генерација, но кога ќе слушнам моја врсничка да праша дали мастурбација е грев, ликот ми се собира како да сум изела цел лимон и да ми се повраќа во исто време.

Мастурбацијата кај жените е всушност врвот на нивната сензуалност. Тоа се потребата за оргазам (од која и да е причина), познавањето на своето тело и чувството да сме удобни во истото. Тоа е да сме доволно комотни со себе, за да можеме сами да си го причиниме задоволството кое ни прави добро на повеќе полиња- здравје (физичко и психичко), расположение, опуштање, you name it. И додека многу жени не само што не знаат да побараат од својот партнер да ги доведе до постигнување оргазам, уште толку не знаат ни дека тоа задоволство постои (или веруваат дека е грев). А тоа, за жал, на многу партнери им одговара. Затоа некогаш сме оставени сами на себе да ги дознаеме тие работи- прво, дека имаме право на тоа задоволство, а потоа дека треба сами да си го научиме телото како да стигнеме до него (за да потоа може да научиме и некој друг како да нѐ доведе до тоа). Со тоа што постои учењето дека женската мастурбација е грев или неверство, директно го прекинуваме односот на нашата свест и нашата сензуалност. Второво ни вика дека е во ред, додека свеста ни вика дека мора да се воздржиме.

Многу е дволично ако партнерот (или општеството, како сакате) не ни дозволува да мастурбираме, а потоа истиот нѐ осудува ако не сме добри партнерки во кревет. До ден денес, и после толку години на сексуална активност, уште наоѓам нови начини на постигнување и давање задоволство, само затоа што никогаш не ми било забрането да експериментирам (како со себе си, така и со партнерот во граници на консензуалност). Што е доказ дека доколку до сега не сте се „зафатиле“ за темата, никогаш не е доцна навистина.

Па така, сакам да ѝ одговорам на жената која сепак смогна сили да праша дали е во грев да мастурбира ако е во самоизолација? Не сестро, не е грев. И не само што не е грев, туку е и во ред и пожелно. И не само да мастурбираш кога си во самоизолација, туку и кога не си, а ќе ти се присака. И не е неверство ако користиш играчки, а имаш дечко. Прашај го дали можеби сака да ги користиш и пред него или кога сте заедно? Изненади го него, а и себе. А што се однесува за иконите... мислам дека тоа е нова тема која ќе ја оставам за следен пат.

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Читај повеќе

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Читај повеќе
  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе