Не сме стари, ама „Малата сирена“ наполни 32 години

„The Little Mermaid“ (Малата сирена), американскиот долгометражен цртан филм на Disney заснован на истоимената данска бајка од Ханс Кристијан Андресен, се појави во кината на 17 ноември 1989 година.

Приказната за авантурите на ќерката на кралот Тритон, владетелот на океанот, од самиот почеток доби позитивни критики. Анимираниот филм заработи над 84 милиони долари во првата недела од прикажувањето и неверојатни 211 милиони долари воопшто.

Заплетот на филмот ја следи црвенокосата сирена Ариел, која од љубов кон принцот Ерик очајно сака да го напушти океанот и да стане обична девојка. Малата сирена, во желбата да ја исполни својата љубов, паѓа во стапицата на злобната вештерка Урсула.

Таа се согласува да го жртвува својот глас на вештерката, а за возврат добива нозе и можност да го придобие нејзиниот принц. Без способност да зборува, Ариел не може да разговара со Ерик, кој сепак ќе се заљуби во сирената.

Remote video URL

Злобната Урсула потоа ја киднапира Ариел и му поставува услов на кралот Тритон  - да избере помеѓу својата титула и неговата сакана ќерка. Тритон, од љубов кон Ариел, ѝ го дава на Урсула својот трозабец. Сепак, Ерик успева да ја победи морската вештерка и љубовта меѓу принцот и сирената победува.

За генерацијата што израсна со бумот анимирани филмови на Disney сигурно звучи неверојатно дека поминаа 32 години откако првпат ја видоа „Малата сирена“. Времето лета, но прекрасната музика од филмот остана вечна.

Remote video URL

Интересно е што филмот освои два Оскари за најдобра музика и песната „Under the Sea“. Некои критичари сметаат дека ова е филмот што „го донесе Бродвеј до цртаните филмови“.

Remote video URL

По големиот успех, беше одлучено да се сними продолжение наречено „Little Mermaid 2: Return to the Sea“.

Во 2016 година, Disney објави дека играниот филм според „Малата сирена“ моментално е во продукција, а датумот на премиерата е 26 мај 2023 година.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе