Неброено богатство и империја од недвижнини: Што сѐ поседува Ватикан?

Престижни адреси во Париз, Лондон и Женева и 3.000 имоти во Рим - Ватикан откри нови детали за нејзината империја на недвижнини, за изворите на приход и скандалите.

Нунцио Галантино, кому пред 2 години папата Франциско му додели задача да го централизира имотот на Ватикан, вели дека му здодеало од „сензационалистички“ приказни за папското богатство.

„Едноставно не е точно кога луѓето велат дека повеќето недвижнини во Рим им припаѓаат на Католичката црква и на Ватикан“, изјави за AFP владиката кој е на чело на Административната управа за имот на APSA.

Размерот на имотите во Ватикан е неверојатен, а управувањето со една зграда во Лондон предизвика голем скандал во срцето на Католичката црква.

Еден век инвестиции

Инвестициите започнаа во 1929 година кога со Латеранскиот договор на Кралството Италија и Светата Столица се формира независната држава Ватикан. Договорот со Италија вклучуваше надомест за имотот земен од поранешната папска држава.

Меѓу одземениот црковен имот се наоѓаше и огромната палата Квиринал. Некогаштаму живееле триесет папи, а денес е резиденција на италијанскиот претседател.

Тогашниот папа Пије XI одлучи да ги инвестира парите во недвижен имот, вклучително и во странство, „за да се осигура слободата и независноста на Црквата“, рече Галантино.

APSAсо години управуваше со 737 имоти во срцето на Париз околу Булеварот Сен Мишел, градската област Одеон и Елисејските полиња, на површина од скоро 56.000 квадратни метри во вредност од околу 595,5 милиони евра.

Во Лондон има 27 недвижнини - близу плоштадот Сент Џејмс, Кенсингтон и Бонд Стрит, со површина од околу 4600 квадратни метри, проценети на околу 108,5 милиони евра.

 Во Швајцарија, особено во Женева и Лозана, Црквата поседува 140 имоти на 16.000 квадратни метри и вредни повеќе од 91 милион евра.

Бесценет имот во Италија

Ватикан има изградено згради во Рим, претежно во двете главни улици што се поврзуваат на плоштадот Свети Петар, вклучувајќи ја и познатата „Улица на помирувањето“ - Via della Conciliazione.

Денес, APSA е задолжена за изнајмување на 2.400 станови и 600 канцеларии и продавници во Италија, што и донесе 99 милиони евра во 2019 година.

Околу 15 проценти од нив се на слободниот пазар, 30 проценти се субвенционирани закупнини, особено на вработените и пензионерите, а останатите се згради во кои се наоѓаат институциите во Ватикан или бесплатно им се изнајмуваат на училишта и универзитети.

Целта на Галантин е да ја подобри „профитабилноста“ на имотот на Ватикан, истакнувајќи дека некои станови се празни, а на други им е потребно реновирање.

Тој вели дека е тешко да се одреди вредноста на имотот во Италија, не само затоа што зградите како базиликата Свети Петар се непроценливи, туку нивната вредност може да се протега на неколку милијарди евра само за недвижнините понудени за изнајмување.

Покрај тоа, има стотици станови управувани од министерството што ги надгледува мисионерските активности на Црквата, заработувајќи уште три до четири милијарди евра, објави економскиот весник Il Sole 24 Ore.

APSA сè уште прави попис на своите средства во Италија, а Галантино се надева дека ќе биде готов до пролет.

Спорни работи

Папата Франциск неодамна го стави под контрола на APSA имотот во Лондон што моќниот државен секретаријат, централната администрација на Ватикан, го стекна со индиректни деловни активности преку италијански посредници.

Меѓу нив има зграда на авенијата Слоун 60, во срцето на ексклузивната област Челси во Лондон, која е купена во две фази од 2014 година.

Италијански финансиер кој дејствуваше како посредник на Ватикан во зделката беше уапсен минатата година под обвинение за корупција, но оттогаш е ослободен.

Една година порано, полицијата во Ватикан изврши рација во канцелариите на Државниот секретаријат, а минатата година беше отпуштен кардинал Анџело Бечиу, кој беше висок функционер за време на договорот.

Репутацијата на црквата исто така е нарушена откако инвестициски фонд со седиште во Малта, кој управува со друго портфолио на недвижнини во Лондон со пет луксузни апартмани, ги искористи парите за да инвестира во филмот „Rocketman“ за музичката starвезда Елтон Џон, кој е хомосексуалец.

Папата рече дека сака да се повлече од сите овие инвестиции што е можно поскоро за да се намали ризикот од нарушување на угледот на Црквата.

Скандалите со имотот не се ништо ново. Судовите во Ватикан минатиот месец го осудија поранешниот шеф на Банката во Ватикан (ИОР) на девет години затвор за проневера и перење пари поврзани со коруптивни зделки со недвижнини.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе