Недела неработен ден, најверојатно по завршување на изборите

Пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори што треба да се одржат на 17 октомври, пратениците не успеаја да ги донесат измените на Законот за работни односи со кои недела требаше да се прогласи за неработен ден за повеќето дејности.

Тие, иако требаше да бидат донесени порано и да почнат да се применуваат од 1 октомври, најверојатно ќе бидат усвоени по завршување на локалните избори, со оглед на тоа што беше најавено дека Парламентот дотогаш нема да заседава.

Законските измени заглавија на второ читање на собраниската Комисија за труд и социјална политика, на која требаше да има амандманска расправа, а на неодредено време беше одложена и пленарната седница на чиј дневен ред беше ова законско решение.

Поради роковите околу претстојните локални избори до крајот на следниот месец нема да се одржуваат седници во Собранието, што значи дека овие измени нема да се донесат според рокот предвиден од Владата.

Власта ја обвини опозицијата за кочење на донесувањето на ова законско решение, бидејќи, како што нагласуваат, ја закочила амандманската расправа на седница на Комисијата. Од СДСМ велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, се посветени на блокади, деструкции за лични и партиски интереси.

Според партијата, во Комисијата за труд и социјална политика, „деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците“.

-ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата како ниту една друга опозиција во светот. Таквото деструктивно однесување граѓаните го ценат и соодветно ќе го казнат и на овие избори, велат од СДСМ

Од ресорното Министерство за труд и социјална политика потенцираат дека не ја разбираат, како што велат, блокадата на ова законско решение со оглед на тоа што за него бил постигнат општествен консензус и оти тоа било усогласено и со синдикатите и со работодавачите.

-Упатуваме апел до пратениците на опозицијата, да покажат одговорност за остварување на правата на работниците кои произлегуваат од ова законско решение. Со тоа ќе  се создадат услови да помине Предлог-законот за недела ден на неделен одмор низ собраниска процедура. Секое доцнење значи пролонгирање на примената на ова право кое работниците го очекуваат, велат од МТСП за МИА.

Од опозицијата пак, пак, велат дека немале намера да го кочат носењето на ова законско решение, иако сметаат дека тоа нема да овозможи недела неработен ден за сите граѓани, поради предвидените 40-тина исклучоци кои ќе работат во недела, туку дека само барале точката од невниот ред да се дополни со информација за пожарот во кој изгоре модуларната ковид болница во Тетово заедно со уште 14 лица, што власта не го прифатила. Собранието, велат работи во хаос и за тоа е виновна власта.

Исклучок од неработењето во недела се продавници и штандови за продажба на сладолед, колачи, весници, апетисани во туристички центри, продавници во трговските центри, кои може да работат само една смена – од 10 до 18 часот, штандови за време на саеми и други настани, продавници за трговија на мало каде што трговијата ја врши сопственикот.

Работодавачите кои ќе го прекршат законот ќе се соочат со забрана за работа од 15 дена и прекршочна пријава. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа, не смее да го намали бројот на вработените.

Со измените за законот за трговија трговските центри кои ќе работат во недела и на празници ќе треба да платат надоместок во висина од 2 проценти од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници, а тие средства, како што најавија од МТСП ќе се инвестираат во детски градинки.

Законот помина на владина седница на 8 јуни годинава. Од Владата тогаш посочија дека со ова се врши усогласување на приватниот и професионалниот живот на работниците. Тоа, рекоа, ќе резултира со поголемо задоволство на работниците и зголемена мотивираност во работењето, што понатаму ќе придонесе за поголема продуктивност, подобри економските резултати на работодавачите, а со тоа и на работниците. Синдикатите и тогаш и сега бараат поголеми заштитни механизми. Работодавачите сметаат дека решението е добар компромис, до кој се дошло по подолги разговори меѓу социјалните партнери.

На законски измени за воведување на недела како ден за одмор работеше и Министерството за економија. Тоа ги изготви измените на Законот за трговија со кои се регулира ова прашање.

 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе