Неисчистените оџаци причина за пожари, обучени само 25 оџачари

Во услови на енергетска криза, кога поради недостиг или висока цена на енергенсите се бараат алтернативни начини за затоплување на домовите, се очекува грејна сезона во која ќе се користи секаков вид огревен материјал што ја зголемува можноста од појава на пожари.

Дополнителен предизвик се неисчистените оџаци и несоодветното користење на ложиштата.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје очекуваат зголемување на бројот на интервенции на затворен простор. Во изјава за МИА, командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески апелира да не се импровизира, да се внимава при ракувањето со печките за греење и навреме да се исчистат оџаците.

– Сè уште владеат благи временски услови и немаме интензивно греење на домовите, но очекуваме дека ќе има зголемување на бројот на интервенции особено на пожари на ложишта и димоводни канали. Апелираме навреме, додека се уште не е интензивно загревањето на домовите, да се исчистат димоводните канали и да не се оставаат запаливи материи и непотребна количина на огревен материјал околу печката за греење, вели Томески.

Бројот на интервенции на противпожарната служба во главниот град засега се движи во рамки на годишниот просек (1.200 на годишно ниво), но забележително е зголемување на бројот на пожари на затворен простор кои, како што посочува Томески, опфаќаат повеќе од две-третини од вкупниот број на пожари.

– Во 99 проценти од случаите, причина за пожарите е човечкиот фактор. Апелираме сите недостатоци да се отстранат што е можно поскоро бидејќи имајќи предвид дека е енергетска криза очекуваме грејна сезона во која ќе се гори се и сешто. Луѓето ќе се обидуваат да се затоплат, вели Томески.

На последниот јавен повик за обука на оџачари пријавени само шест кандидати

Со оглед на тоа дека според најавите нè очекува најтешката зима во изминатите години и дека ќе се гори секаков запалив материјал за да се загреат домовите, МИА побара одговор од Град Скопје колку лица досега се обучени од јавните повици за оџачари што градот ги спроведуваше изминатите години.

Оттаму информираа дека досега се обучени 25 оџачари, а на последниот повик пријавени се само шест кандидати за кои обуката е во тек со што вкупниот број би се искачил на 31.

– Град Скопје годинава во соработка со збратимениот Град Нирнберг, финансиски поддржан од Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија во тек е дополнителна обука на шест кандидати за оџачари во СУГС „Здравко Цветковски” во Скопје и пракса во соработка со искусни оџачари од Германија. Во последните две недели од ноември се спроведува пракса во Центарот за обука на оџачари во Милбах, Германија по што ќе следи пракса на терен преку споделување на искуства од оџачарски претпријатија во Херсбрук, Германија, велат од Град Скопје за МИА.

Во тек е и јавниот повик од Градот за користење на субвенции за годишно одржување и чистење на оџаците. Од 22 јуни кога беше објавен повикот досега доставени се над 250 барања. Можноста за аплицирање трае до 30 овој месец, а субвенциите се однесуваат на жителите на град Скопје односно од оштините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај.

Билјана Анастасова-Костиќ / МИА

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе