Нејмар пијан доаѓа на тренинг, не му е гајле за ПСЖ, тврди француски новинар

Се чини дека Нејмар раскрсти со ПСЖ.

По дебаклот во Лигата на шампионите, навивачите најмногу му се настрвија на Бразилецот, кого го обвинуваат за бројните повреди и проблеми надвор од теренот. ПСЖ пред пет години ѝ плати 222 милиони евра на Барселона за Нејмар, но тој никогаш не се наметна како лидер и играч кој прави разлика во важните натпревари од Лигата на шампионите.

Бразилецот ги изнервира навивачите со изјавата дека би сакал наскоро да се испроба во МЛС и дека поради големиот притисок ја губи волјата за фудбал. Моментално однесувањето на Нејмар придонесува за ужасната атмосфера внатре во клубот и само се чека крајот на сезоната за да се спакува и да замине од соблекувалната.

Даниел Риоло, новинар на RMC, тврди дека Нејмар е во лоша состојба.

„Речиси не тренира, на тренинзи доаѓа мизерен, на работ на пијанство. Така е, Нејмар е во духот на одмаздата против ПСЖ. Тотално раскина со клубот и соблекувалната“, изјави Риоло.

URL

„Нејмар го уништи ПСЖ“

Речиси и да нема шанси бразилскиот напаѓач да остане во ПСЖ.

„На навивачите на ПСЖ не им е гајле за лудостите на Нејмар и неговиот документарец на Netflix. Мора да му напишеме чек и да го пуштиме да си оди. Тој му прави голема штета на клубот. Пуштете го, го уништува ПСЖ“, продолжува Риоло.

Нејмар оваа сезона има 21 настап за ПСЖ. Постигна пет гола и пет пати асистираше, а одигра вкупно 1.545 минути. Од 2017 година одигра 135 натпревари за ПСЖ и постигна 91 гол во сите натпреварувања. Претходно беше споменато дека Нејмар треба да престане да игра за Бразил по Светското првенство во Катар и да замине во МЛС или да ја заврши професионалната кариера порано од предвиденото.

Тагови
реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе