Нека ви расте седата коса: Не сте свесни какви придобивки има

Правилната нега на косата е нешто што се усовршува со текот на годините, од изборот на вистинскиот шампон, регенератор и маски за коса до тоа колку често треба да ја шишате и фарбате.

Се чини дека на секои неколку години нашите прамени минуваат низ голема промена, без разлика дали станува збор за пубертет, бременост или природен процес на стареење. Но, еден од најнепријатните транзиции е кога косата почнува да расте побрзо отколку што можеме да ја фарбаме, а изгледа како да сме биле на фризер пред само две недели.

Во тој момент најприродно е да се запрашате - дали да престанам да ја фарбам косата? Седата коса не е најлошото нешто што може да ви се случи. Всушност, има многу придобивки ако ја оставите вашата коса да побели, а штом ќе научите за нив, ќе мора двапати да размислите дали некогаш повторно да ја фарбате косата.

Косата ќе ви биде поздрава

Ако престанете да ја фарбате косата, таа ќе стане поздрава. Само размислете што се случува кога ја фарбате – нанесувањето на бојата ги подигнува заштитните протеини на косата, така што хемикалиите можат да навлезат во праменот и да ја променат нејзината боја. Иако ова може да резултира со сјајна нијанса, ја ослабува косата, што може да предизвика кршливост, сувост и севкупно проретчување.

Ова особено се однесува на фарбањето седа коса, која сама по себе е веќе кревка. Значи, ако престанете да ја фарбате, веројатно ќе забележите колку вашата коса ќе стане поздрава и колку подобро ќе изгледа.

Ќе заштедите многу пари

Решението да ја прифатите вашата седа коса може да ви заштеди пари. Без разлика дали секој месец одите на фризер или сами ја фарбате косата дома, на овој начин ќе заштедите многу пари, а исто така повеќе нема да ви требаат скапи маски за коса, масла и шампони за заштита на бојата кои често се потребни за фарбана коса, за таа да го зачува својот сјај.

Тагови
реклама

Здравје

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе