Некои сорти канабис гo намалуваат опасното воспалениe предизвиканo од COVID-19

Ново истражување од Канада покажува дека некои видови канабис помагаат во намалување на специфичен вид на воспаление - наречено „цитокинска бура“ – што се смета за една од најопасните компликации од COVID-19.

Студијата спроведена од истражувачи од Pathway Research Inc., Универзитетот во Калгари и Универзитетот во Летбриџ, научниците користеле вештачка човечка кожа. Моделот на кожно ткиво беше изложен на УВ зраци за да предизвика „индуцирано воспаление“. Потоа моделот беше третиран со седум различни видови канабис за да се види ефикасноста во намалувањето на воспалението.

„Цитокинска бура“

Студијата покажа дека канабисот може да ја ослабне или намали сериозноста на COVID-19. Напливот на „антиинфламаторни цитокини“ или „цитокинска бура“ може да доведе до акутно респираторно заболување и е една од главните причини зошто може да се развие тешка форма на COVID-19.

„Од сите цитокини, TNFα и IL-6 играат клучна улога во патогенезата на цитокинскита бура и се веројатно одговорни за ескалацијата на сериозноста на болеста“, се наведува во студијата. Додавањето екстракт од канабис помага „да се запре воспалението, да се спречи фиброзата и може да доведе до ремисија на болеста“.

URL

Еден од главните истражувачи, Игор Ковалчук, истакна дека неговиот тим со години го проучувал антиинфламаторниот потенцијал на канабисот. Тој рече дека не биле изненадени од овие резултати:

„Пред појавата на COVID-19, го проучувавме антиинфламаторното дејство на над 100 сорти канабис и идентификувавме десетици сорти кои имаат силен потенцијал. Аплициравме дури и за неколку патенти за употреба во РА, МС, воспаление на цревата и кожата и воспаление на усната шуплина“.

Истражувачите ги избрале видовите што веројатно би функционирале најдобро за оваа студија, „врз основа на долгогодишно истражување“.

„Нашата анализа покажува дека CBD или THC применети сами немаат ист ефект. Ние силно веруваме во ефектите од целиот спектар. Веројатно постојат секундарни (помали канабиноиди) и терпени кои придонесуваат за ова, а во нашиот труд нагласуваме дека еден од таквите терпени може да биде кариофилинот“, рече Ковалчук ​​за Forbes.

Три соеви канабис се најефикасни во намалувањето на воспалението

Од седумте видови на канабис користени во оваа студија, истражувачите наведуваат дека три се најефикасни. Според студијата, овие три видови канабис помогнаа во намалувањето на овие воспалителни бури со цитокини: дерегулација на COX2, TNFα, IL-6, CCL2 и други цитокини и патишта поврзани со воспаление и фиброза.

Ковалчук ​​посочува дека овие три соеви (# 4, # 8 и # 14) кои се покажале ефикасни не можат да се купат затоа што тие се „приватни сорти, создадени во нашата лабораторија, така што тие не постојат никаде и уште немаат друго име“

Истражувачите заклучуваат дека овие антиинфламаторни екстракти од канабис може да бидат корисни додатоци на сегашните антиинфламаторни методи за лекување на COVID-19, како и разни методи за лекување на ревматски заболувања.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе