Неколку пијалаци што успешно ги чистат цревата

Чистењето на дебелото црево е добар начин за регулирање на варењето и чистење на телото од токсини, тврдат некои луѓе.

Важно е да се нагласи дека експертите посочуваат дека чистењето на дебелото црево не е неопходно, бидејќи дигестивниот систем ги отстранува бактериите и токсините од телото за време на процесот на варење. Терапијата со хидроколон е непотребна, но доколку решиме да го исчистиме дебелото црево, треба да знаеме дека постапката може да се направи и на природни начини.

Поборниците за чистење на дебелото црево на природни начини наведуваат дека оваа терапија го ослободува телото од вишокот килограми и го намалува ризикот од рак на дебелото црево.

Вода

Водата е добар начин да се регулира варењето и да се обезбеди добро функционирање на целото тело. Едноставно потребно е да се испие 6 до 8 чаши млака вода во текот на денот. Експертите советуваат и консумација на свежо овошје и зеленчук со висока содржина на вода. Исто така, можно е да се исплакне дебелото црево со солена вода. Совет е да измешате две лажички морска сол со млака вода и да го пиете овој напиток на празен стомак. Водата и морската сол за неколку минути ќе ги стимулираат движењата на дебелото црево.

Исхрана богата со растителни влакна

Растителните влакна се есенцијални хранливи материи и ги има во изобилство во овошјето, зеленчукот, целите зрна, јаткастите плодови и семките. Растителните влакна се моќна помош за подобрување на варењето. Можат да го регулираат запекот, но и прекумерно активните црева.

Вода со додаден лимон и мед, чаеви

Измешајте свеж сок од лимон, една лажичка мед и малку сол со топла вода и пијте наутро на празен стомак. Овој пијалак е добар начин да се разбуди телото и да се поттикне добрата функција на дебелото црево. Се препорачуваат и скокови со овошје и зеленчук. Соковите од јаболко, лимон и алое вера се ефикасен начин за чистење на дебелото црево. Покрај тоа, на овој начин ќе му ги обезбедиме на телото сите хранливи материи и витамини кои можат да го зајакнат имунолошкиот систем. Билните чаеви се традиционален лек за цревата. Лаксативни билки како што се алое вера и корен од бел слез се моќни средства против запек.

Пробиотиците се моќна алатка

Пробиотиците во некои ситуации се незаменливи кога се работи за доброто функционирање на дебелото црево. Тие ќе помогнат да се исчисти дебелото црево и да се зајакне дејството на корисни бактерии. Храната како јогурт, кисели краставички, јаболков оцет, ферментирани производи се сметаат за добри пробиотици.

Ѓумбир

Ѓумбирот може да биде корисен во процесот на варење. Овој зачин може да се додаде во други сокови, чаеви или да се користи самостојно. Совет е да измешате една лажичка сок од ѓумбир и една лажичка мед со една чаша топла вода. Напитокот може да се консумира еднаш или двапати на ден.

Рибино масло

Рибиното масло може да се користи во природна форма или како додаток. Ова масло е богато со омега-3 масни киселини, кои се докажани како добра алатка за чистење на дебелото црево и зајакнување на телото.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе