Неколку причини зошто во домот да чувате среќен бамбус

Се верува дека оваа билка привлекува среќа, пари, добра судбина и просперитет во домот, а пак доколку ја поставите на вистинското место во домот - според фенг шуи - ќе биде вистински магнет за позитивна енергија.

Растението познато како среќен бамбус, односно Dracaena sanderiana, познато е и како воден бамбус и цвеќе на милоста.

Иако ова растение изгледа како бамбус, тоа всушност не е во истото семејство како и вистинскиот бамбус. Многу е декоративно - има долги рамни месести стебленца од кои никнуваат долги листови.

Стебленцата личат на бамбусовите и можат да пораснат големи, но според фенг шуи се препорачува пократки варијанти од оваа интересна билка.

За да се грижите за вашиот среќен бамбус треба редовно да се поткаструваат стебленцата. Ова ќе помогне енергијата да се насочи кон стеблото и да растат здрави листови. Повременото поткастрување и чувањето во мали тегли ќе помогне во ограничувањето на висината.

Среќниот бамбус обично се продава во стаклени садови или саксии наполнети со каменчиња и вода.

Ќе откриете дека ова растение подеднакво добро успева во вода како и во земја. Тоа го прави среќниот бамбус едно од растенијата кое се најлесни за одгледување.

Доколку среќниот бамбус го чувате само во вода, еднаш месечно хранете го со течно ѓубриво и избегнувајте да му дотурате вода од чешма, туку користете филтрирана вода или дождовница (доколку имате услови да ја собирате).

Според фенг шуи, стебленцата од овој бамбус имаат различно значење кога станува збор за привлекување богатство. Се верува дека 3 стебленца претставуваат среќа, богатство и долг живот, 5 или 6 стебленца носат пари и добра судбина, а 7 стебленца симболизираат добро здравје.

Ако среќниот бамбус го ставите во североисточниот дел од домот или уредот, се активираат богатството и финансиите.

Поставен во источната страна на домот се верува дека привлекува здравје.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе