Неколку совети за побистар ум

Одржувањето на вашиот ум бистар и сосредоточен е од витално значење за секој од нас. Мозокот сака предизвици. Според Quiz Lab, овие седум совети може да му помогнат на Вашиот умот да ги одржи и прошири своите способности.

Забавувајте се со сложувалки

Главната придобивка од сложувалката е вежбањето на левата и десната страна на мозокот одеднаш. Тоа е умствена вежба којашто ги подобрува вештините за решавање проблеми. Уште повеќе, ги зајакнува врските меѓу мозочните клетки и на тој начин го подобрува краткорочното паметење.

Сосредоточете се на една задача, па на друга

Поставувањето повеќе задачи одеднаш – не е добро учење. Го намалува вниманието, концентрацијата и краткотрајното помнење. На крајот на краиштата, неопходно е да бидете таму каде што сте во мигот, за да се постигнат најдобри резултати. Повеќето обврски во истовреме, ги спречува луѓето во успех. Сосредоточувањето на обврските една по една ја обновува бистрината и вниманието.

Научете нови вештини

Учењето нови вештини помага да се зајакнат врските во мозокот. Тоа може да бидат различни работи, како што се танцување, нов странски јазик… Така да не губете време и – напред!

Вежбајте редовно

Физичката активност ги стимулира хемиските промени во мозокот коишто го подобруваат учењето, расположението, размислувањето и интелигенцијата. Никој не знае точно која вежба е најдобра, па така, може да изберете каква вежба сакате. Не заборавајте дека и активностите во домаќинството се корисни – интензивното бришење под, собирањето лисја во дворот или што било што ќе ве испоти малку.

Одморете се добро

Ако работите напорно, мора да научите да се опуштите и „да ги наполните батериите“. Ако не – ќе страдате од исцрпеност. Таквата состојба може да предизвика сериозни проблеми со физичкото и психичкото здравје. Вистинско опуштање значи смирување и вистинско уживање во времето без каква било продуктивност, барем некое време…

Обидете се и со медитација

Медитацијата ја зголемува интелигенцијата на многу начини. Докажано е дека тоа ги синхронизира двете мозочни хемисфери. Кога логичниот лев дел од мозокот и креативниот десен дел работат во хармонија, решавањето проблеми станува лесно, креативноста се множи, длабокото размислување станува вообичаеност, а сосредоточеноста се зголемува.

Запишете ги вашите мисли

Пишувањето е активност за зајакнување на мозокот која ве принудува да ангажирате повеќе различни делови од умот. Вашата редовна активност за пишување може да има речиси секаков облик – започнете да ги овековекувате вашите спомени или – создадете збирка поезија. Секојдневното пишување му помага на мозокот да остане зафатен.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more
 

Магазин

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе