Нема да има новогодишни прослави во казината

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, АПИС, во која членуваат Адмирал, Астра, Казино Фламинго Хотел и Апекс Македонија информира дека ги почитуваат сите превентивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести и дека во нивните клубови нема да има новогодишни прослави и ќе бидат затворени во перидот од 31 декември 2020 од 22 часот до 1 јануари 2021 година до 10 часот.

– Ние сме претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нашите објекти се спроведуваат сите безбедносни протоколи за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. За време на пандемијата со COVID-19 имаме слух и целосно разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со тешките последици од актуелната здравствена и економска криза, стои во соопштението од АПИС, во врска со денешните информации дека наводно во казината и обложувалниците ќе се организира новогодишни прослави.

Како општествено одговорни компании, се вели во соопштението, се ставаме во служба на јавниот интерес. Казиното Фламинго Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра.

– За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март 2020 не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. Длабоко сме уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество и искрено се надеваме дека ќе помогнеме да се намалат ризиците за дополнително ширење на пандемијата. Минатиот месец во соработка со Институтот за трансфузиона медицина - Скопје, нашите вработени, кои се во добра здравствена состојба и ги исполнуваат неопходните медицински услови, учествуваа во голема хуманитарна акција за донирање крвни единици која се спроведе во нашите работни простории, се наведува во соопштението од Асоцијација на приредувачи на игри на среќа, АПИС.

реклама

Македонија

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Read more
 

Вести

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе

Врани напаѓаат луѓе во Србија

Читај повеќе

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Читај повеќе

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Читај повеќе

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Читај повеќе