Немирите во Франција стивнуваат по апелот на бабата на убиениот тинејџер

Немирите поттикнати од убиството на 17-годишниот Нахел М. од страна на полицијата, што со денови ја потресуваше Франција, се чини дека стивнуваат, а апсењата и извештаите за насилство опаднаа синоќа.

До полноќ, само 49 лица беа уапсени, соопшти Министерството за внатрешни работи, многу помалку отколку во истото време претходните ноќи, кога беа палени автомобили и јавни згради, а полицијата се водеше улични битки со младите во градовите низ земјата.

Телевизиската компанија BFMTV објави дека до 1:30 часот се уапсени уште 29 лица.

Во некои жаришта, вклучувајќи го и градот Лион, полицијата употреби солзавец против екстремно десничарските активисти кои ги исполнија улиците очигледно за да се спротивстават на бунтовниците.

Се стравуваше од шестата ноќ на широко распространети немири во предградијата на Париз во вторникот за време на сообраќајната контрола, но до утринава не беа пријавени поголеми акти на насилство.

За релативниот мир можеби придонесе безбедносната операција и апелот на бабата на момчето да се смират тензиите, упатен преку медиумите.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан се потпира на силно полициско присуство трета ноќ по ред, распоредувајќи 45.000 полицајци и оклопни возила низ целата земја.

Дарманан, според француските медиуми, им наредил на полицајците да дејствуваат решително и што поскоро да ги уапсат луѓето. Француската полиција уапси повеќе од 1.300 луѓе во четвртата ноќ од немирите, а повеќе од 700 во петтата ноќ.

Бабата на момчето вчера даде интервју во кое повика да се прекинат немирите.

„За среќа, полицијата е тука. До луѓето кои сега кршат, апелирам ‘Прекинете’. Го искористија Нахел како изговор“, изјави таа за BFMTV.

Иако е револтирана од полицаецот кој го застрела нејзиниот внук, таа рече дека не сака да генерализира за полицијата.

„Ќе биде казнет како и сите други“, изјави Надја, чие презиме, како и на Нахел, не се споменува во медиумите.

„Имам доверба во судството“, истакна таа и додаде дека луѓето треба да останат мирни и да не уништуваат сè околу себе.

Полицаецот обвинет за убиство на тинејџерот е приведен и покрената е истрага за убиство од небрежност.

Remote video URL
Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Свет

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Read more

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Read more

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Read more

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе