ВИТИЕР НА АЛЈАСКА

Необичниот град во кој сите жители живеат во една зграда

Витиер е мал град на Алјаска, лоциран на стотина километри јужно од Енкориџ и најчесто се нарекува „град под еден покрив“.

Причината е едноставна - сите 217 жители, колку што има во овој град, живеат во една зграда. До овој град може да се стигне само со брод или подземниот тунел.

Зградата во која живеат сите жители се вика Begich Towers и била поранешна касарна изградена во 1974 година за време на Студената војна. Има 14 ката и сите луѓе што живеат во неа со месеци не мора да излегуваат надвор, бидејќи во неа има сѐ што им треба.

Имено, на приземјето се сместени поштата, градската администрација, продавница каде што можат да купат сѐ што им треба, а на третиот кат имаат дури и болница. Чудото нема крај, па децата одат во училиште кое е поврзано со оваа зграда со подземни премини и тунели.

Remote video URL

Begich Towers исто така потсетува на хотел, така што на сите посетители им е обезбедено ноќевање со појадок, а сите што ќе дојдат во Витиер имаат можност да се запознаат со животот во овој мал град.

Исто така е важно да се истакне дека Витиер е град кој е исклучително посетен во лето, полн со туристи, додека во зима е скоро целосно затворен. Интересен факт е дека во него живеат луѓе кои со работата се врзани за железницата, на која ѝ припаѓа скоро целото земјиште во оваа област.

Remote video URL

Се смета дека ова е една од причините зошто сите живеат во една зграда, бидејќи поради наведената сопственост, тие не можат да купат земјиште за да изградат куќа за себе. Сепак, поради овој долгорочен начин на живот, би можело да се каже дека жителите на Витиер немаат ништо против што сите живеат под еден покрив, пишува Business Insider.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе