Неочекувани откритија на индискиот ровер на Месечината: Пронајдени делови од карпи, потрагата по вода продолжува

Индискиот лунарен ровер Pragyan, кој со вселенското летало беше доставен на Месечината како дел од мисијата „Chandrayaan-3“, ги испрати на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината. Измерена е температура од 70 степени целзиусови, додека досега се мислеше дека е помеѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО).

Индиската организација за вселенски истражувања наведе на платформата X дека температурата на горниот почвен слој на Месечината околу јужниот пол се мери за да се разбере термичкото однесување на површината на сателитот.

Како што е наведено, роверот е опремен со температурна сонда со механизам што може да ја мери температурата на лунарната почва до длабочина од 10 сантиметри.

Официјалниот претставник на ИСРО, Би Дарукеш рече дека резултатите биле изненадување за експертите, пренесе ТАСС.

Роверот ќе собира податоци најмалку 14 земјини денови.

Според индиските научници, делови од карпи се пронајдени во областа на јужниот пол на Месечината, што може да помогне во проучувањето на формирањето на Месечината.

Покрај тоа, експедицијата треба да ја продолжи индиската мисија „Chandrayaan-1“ во потрагата по вода на Месечината. Добиените податоци сугерираат дека во некои кратери има замрзната вода. Доколку се најде мраз, научниците ќе имаат единствена можност да ја анализираат и разберат историјата на водата во Сончевиот Систем.

Индиско вселенско летало слета во близина на јужниот пол на Месечината минатата среда.

Индија стана четвртата земја во светот која успешно слета на Месечината – по СССР, САД и Кина. Индија е првата земја чие летало меко слета на јужниот пол на Месечината.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе