Неработни денови и продолжени викенди во 2022 година

Во пресрет на новата година, ве потсетуваме кои денови во 2022 година се прогласени за неработни во Република Северна Македонија.

Испланирајте ја следната година за да можете максимално да го искористите слободното време.

Во годината што следи ќе има четири продолжени викенди за сите граѓани, па искористете ги мудро!

Првиот е уште на почетокот на годината, кога Божик (7 јануари, петок) се спојува со викендот (за православните верници празничниот викенд почнува на 6 јануари во четврток). Потоа следи 25 април со вториот ден Велигден (за православните христијани викендот почнува од 22 април, петок), па продолжениот викенд за 1 и 2 мај (Денот на трудот, односно прв ден на Рамазан Бајрам), а последниот во октомври, кога неработниот ден за Денот на Македонската револуционерна борба, што е на 23 октомври, се префрла во понеделникот на 24 октомври.

Православните христијани имаат продолжен викенд и со 10 јуни, а католиците со 18 април. 

Граѓаните припадници на ромската заедница имаат продолжен викенд со 8 април (петок), а на влашката со 23 мај (понеделник).

Министерството за труд и социјална политика ја објави Програмата на неработни денови за 2022 година, во согласност со Законот за празници:

За сите граѓани на РМ

•          1 јануари (сабота), Нова година,

•          7 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

•          1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден,

•          25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

•          2 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

•          24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

•          2 август (вторник), Ден на Републиката,

•          8 септември (четврток), Ден на независноста,

•          11 октомври (вторник), Ден на народното востание,

•          23 октомври (недела), Ден на Македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,

•          8 декември (четврток), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед

•          6 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик, 

•          19 јануари (среда), Богојавление (Водици),

•          22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

•          10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

•          28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

•          18 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

•          1 ноември (вторник), Празникот на сите светци,

•          25 декември (недела), првиот ден на Божик. 

За граѓаните од муслиманска вероисповед

•          9 јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

•          22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

•          27 јануари (четврток), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

•          8 април (петок), Меѓународен ден на Ромите, 

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

•          23 мај (понеделник), Национален ден на Власите, 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

•          5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

•          28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците, 

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

•          21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

реклама

Македонија

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе