Несоницата предизвикува сериозни заболувања - како да се справите на природен начин?

Несоницата во одредена фаза од животот се појавува кај еден од тројца луѓе.  Покрај тоа што може да доведе до хроничен замор и недостиг на концентрација, долготрајниот недостиг на сон има негативно влијание на здравјето.

Недостатокот на сон може негативно да влијае на здравјето на срцето, да предизвика депресија, па дури и Алцхајмер, па затоа многу е важно да се наспиете убаво.

На возрасните луѓе им се потребни од 6 до 8 часа, додека постарите во просек спијат помалку.

Видови несоница

Причина за несоница може да биде пореметен сон како што е континуиран прекин на дишењето во текот на ноќта, емоционални проблеми како што се анксиозност, депресија или фобии, преголемо консумирање алкохол, користење на таблети за спиење итн. Исто така, кога треба да станете рано имате најголем проблем да заспиете бидејќи знаете што ве очекува наредниот ден.

Анксиозноста е најчеста причина за несоница и затоа најчесто се будите меѓу 3 и 5 часот наутро.

Природно лечење на несоница

Лекарите најчесто препишуваат антидепресиви, но тие може да создадат зависност.

Антидепресивите се препишуваат за несоница. Пред да посегнете по таблети, погледнете како може да се справите со несоницата на природен начин.

Намалете го внесот на кофеин – високиот внес на кофеин може да влијае и на сонот, да предизвика несоница и вознемиреност. Исто така, не јадете чоколадо пред спиење и избегнувајте да ставате шеќер во напитоците.

Јадете храна богата со триптофан – триптофан е аминокиселина која се претвора во серотонин кој потоа се претвора во мелатонин. Триптофанот се наоѓа во мисиркино месо, млеко, сирење, банана, семки од тиква.

Јадете храна богата со магнезиум  - недостатокот на магнезиум може да предизвика несоница, грчеви во мускулите, анксиозност, нервоза и болка. Јадете бадеми, индиски ореви и пијте пивски квасец.

Витамин Б6 – потребен е за претворање на аминокиселините во серотонин кој влијае на сонот. Јадете храна богата со витамин Б6 како што се интегрални житарки, туна, банани и семки од сончоглед.

Кантарион – се користи за несоница предизвикана поради депресија. Консултирајте се со вашиот лекар кој ќе ја дијагностицира и процени депресијата.

Исто така може да ви помогне чајот од камилица која го намалува стресот, ги опушта мускулите и го смирува дигестивниот систем.

Недостатокот на физичка активност може да биде причина за несоница. Меѓутоа не се препорачува да вежбате навечер доколку имате проблеми со несоница.

реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе