Netflix почнa со снимање на втората сезона на „Squid Game“

Една од најпопуларните и успешни серии на Netflix, „Squid Game“, ќе добие втора сезона.

„Netflix официјално почна со снимање на втората сезона на Squid Game“, откри Тед Сарандос, еден од извршените директори.

Сарандос ја сподели веста кога беше запрашан за иднината на корејската серија. Потврда за новата сезона доаѓа откако Netflix ја прогласи „Squid Game“ за најголема и најпопуларна оригинална серија досега.

Од Netflix минатата есен открија дека во првите 28 дена од прикажувањето серијата достигнала 111 милиони обожаватели. Во ноември Netflix откри дека „Squid Game“ има 1,65 милијарди часови гледање во првите четири недели, двојно од нивната хит серија „Bridgerton“.

Режисерот Хванг Донг Хјук уште минатата година изјави дека работи на планот за втора сезона.

„Да, мислам дека по повој голем успех мора да направиме нешто во врска со втората сезона“, изјави Хванг и призна дека не е баш сигурен кога ќе биде прикажана. „Постојат големи очекувања од втората сезона. Поради толку голем успех од првата сезона, чувствувам дека се изградија многу очекувања, па ќе биде тешко да ги исполниме“, смета тој.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе