Ковид-анализа на МЗ

Невакцинирани 77 отсто од заразените и 85 отсто од починатите

КОВИД-позитивни од тестирани во периодот од 6 август заклучно со 30 септември 2021 во државава се 35.531 граѓанин. Од нив, 23 отсто односно 8.233 лица биле целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство, напомнувајќи дека за вакцинирани се сметаат лицата со две дози и кои поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.

-Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со COVID-19. Според статистиката за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77 проценти од позитивните не биле вакцинирани, наведува Министерството кое денеска објави анализа за речиси два месеца.

Невакцинирани се 79 отсто кои во наведениот период биле хоспитализирани, додека  21 процент од сите хоспитализирани пациенти во моментов се целосно вакцинирани.

– Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до 30 септември 2021 на територија на државата починале 1.162 лица со COVID-19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон“, информира Министерството за здравство.

Во соопштението МЗ укажува на важноста од вакцинација и дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелира граѓаните да се вакцинираат зашто само така ќе се постигне колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на вирусот. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе