Неверојатна трансформација на спортист пред и по заразување со COVID-19

Големо внимание на интернет предизвикаа објавени фотографии од трансформацијата на изгледот на 40-годишен спортист кој бил во кома 25 дена откако се покажал позитивен на коронавирусот.

Кога пристигнал во болница Ахмед Ајад бил висок 185 см и тежок 97 килограми, со оформени мускули. Кога излегол од болницата „Џон Хопкинс“ имал 27 килограми помалку.

„Кога се разбудив од кома имав 70 килограми, рацете и нозете ми беа тенки. Не можев да поверувам колку ми беше тешко да станам од креветот“, раскажа тој во интервју објавено на интернет страницата на болницата.

Пред да заболи од COVID-19, овој спортист дигал тегови и играл кошарка. Кога не вежбал, работел во семејната фабрика за мебел. Првите симптоми ги почувствувал на 11 март, неколку дена откако се вратил од Флорида. Се обидел да закрепне во домашни услови, но симптомите не поминувале. Три дена подоцна почнал да губи здив и не можел сам да се одвезе во болница. Негов пријател му помогнал за превозот, а во болницата утврдиле дека има грип и дека е заразен со коронавирусот, пишува CNN. Тој е првиот пациент во таа болница приклучен на респиратор.

Со блиските контактирал пишувајќи пораки на хартија бидејќи не можел да зборува. Набргу завршил во кома, мајка му не можела да поверува дека не смее да го посетува. Неколку дена откако бил тргнат од респиратор го префрлиле на интензивна нега во одделението за борба со коронавирусот. Од болница е пуштен на 22 април, со оштетени бели дробови и срце.

„Закрепнувам од ден на ден, ја враќам тежината од претходно, јадам многу и одам на прошетки“, додава тој во интервјуто.

Според него, борбата со вирусот била една од најтешките работи кои ги надминал во животот.

„Луѓето се однесуваат како да не постои болеста, но не е така. Носете заштитни маски, не се собирајте во големи групи. Грижете се за себе и за луѓето околу вас, сфатете го ова сериозно. Не е шега, може да ве убие, дури и кога мислите дека сте силни и здрави. Не сте имуни“, вели тој за CNN и се надева дека другите нема да го имаат неговото искуство со COVID-19.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе