Невидено: Од пенал шутна во аут, голман бранеше со поглед

Сме биле сведоци на многу бизарни и неверојатни начини на кои се местат спортските настани, а начинот на кој се решаваше победникот во локален куп во Нигерија по изведување пенали е дефинитивно нешто што досега не е забележано во светот на фудбалот.

Натпреварот меѓу локалните Ремо Старс и Иџебу Јунајтед на крајот беше решен со пенали, а серијата заврши 3:0 откако неколку удари од 11 метри беа изведени на, во најмала рака, комичен начин. Се работи за купот на нигериската сојузна држава Огун лоцирана во крајниот југозапад на земјата.

Така, при изведувањето на пеналот на тимот на Иџебу Јунајтед, голманот воопшто не се мрдна и само гледаше како противничкиот играч ја испраќа топката во мрежата, но она што се случи во следниот обид е буквално за „верувале или не“ рубриката.

Фудбалерот со број 12 на дресот од редовите на Ремо Старс се подготви да упати удар, а потоа ја отера топката во друри во, замислете, аут. Локален новинар се обиде да го објасни шокот од целата ситуација.

„Ако ова не е местење натпревар, тогаш не знам што е. Зошто нигерискиот фудбал е ваков? Зошто не сакаме напредок? Ова е финалето на Купот помеѓу Ремо Старс и Иџебу Јунајтед“, напиша на Twitter нигерискиот новинар Ибукун Алуко.

URL
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе