УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024 ПОЛУФИНАЛЕ

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Вечерва ќе го дознаеме името на вториот финалист од оваа сезона во Лигата на шампионите, а против Борусија во Лондон ќе истрча Реал Мадрид или Баерн.

Синоќа Борусија од Дортмунд го исфрли ПСЖ со вкупен резултат 2:0 и влезе во финалето на Лигата на шампионите, а против кого ќе игра на 1 јуни на „Вембли“ ќе дознаеме по спектаклот на стадионот „Сантјаго Бернабеу“.

Во првиот натпревар Баерн доминираше и создаваше шанси, но Реал покажа зошто е најголемиот клуб во светот и успеа да ја напушти „Алианц“ арената непоразен.

URL

Винисиус Жуниор го доведе Реал во водство, Баерн направи пресврт со головите на Лирој Сане и Хари Кејн, а потоа Вини погоди од пенал за 2:2, па вечерва во Мадрид ќе почнеме практично од нула бидејќи правилото гол на гости не важи.

„Секогаш сум уверен затоа што сме Реал. Го имаме најдобриот тим, и признавам дека Баерн беше подобар на првиот натпревар. Имаме шанса да влеземе во уште едно финале и ќе дадеме сѐ од себе за да го направиме тоа“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

URL

Неговиот колега од другата страна, Томас Тухел, најавува интересен дуел.

„Мислам дека и двете екипи ќе имаат свои периоди на доминација. Двата тима знаат да играат во посед, но и во контранапади. Ќе победи оној кој подобро ќе ги искористи периодите на доминација во текот на натпреварот", изјави тренерот на Баерн.

URL
Веројатни состави:

Реал Мадрид: Андриј Лунин; Дани Карвахал, Антонио Ридигер, Орелјан Чуамени, Ферлан Менди; Федерико Валверде, Тони Крос, Едуардо Камавинга, Џуд Белингам; Винисиус Жуниор, Родриго.

Баерн: Мануел Нојер; Јосуа Кимих, Матајс де Лихт, Ерик Даер, Нусаир Мазрауи; Леон Горецка, Конрад Лајмер; Лирој Сане, Томас Милер, Џамал Мусиала; Хари Кејн.

Полски судии

Правдата ќе ја дели Шимон Марчињак од Полска, а ќе му помагаат сонародниците Томаш Листкјевич и Адам Купсик, додека четврти судија е Иван Кужлиак. Во ВАР собата главен ќе биде Томаш Квиатковски, а ќе му помага Бартош Франковски.

ТВ пренос

Натпреварот започнува во 21 часот со директен пренос на МРТ3 и коментар на македонски јазик.

URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе