Никој како Реал Мадрид!

Фудбалерите на Реал го освоија Светското клупско првенство откако синоќа во финалето одиграно на стадионот Мулај Абдалах во Рабат го совладаа Ал Хилал со 5:3.

Реал тргна жестоко од самиот старт на натпреварот, а Винисиус Жуниор навести дека е одлично расположен со голот во 13. минута по одличното проигрување на Бензема.

Само пет минути подоцна, Валверде силно шутна по една одбиена топка и го удвои водството, а на паузата беше 2:1, бидејќи Марега постигна гол од контранапад.

Тринаесет минути игра во продолжението беа доволни за Реал да постигне уште два гола. Најпрво Винисиус мајсторски му асистираше на Бензема, кој само ја испрати топката во мрежата, а потоа Валверде одигра двојно двојно додавање со Карвахал за да го постигне својот втор гол на натпреварот.

Пет минути подоцна од уште еден контранапад Ал-Хилал со гол на Вието ја намали резултатската разлика, а потоа за 5:2 повторно погоди Винисиус Жуниор. Претходно, Себаљос направи сè, а потоа Бразилецот ја зеде топката и го матираше голманот за петтиот гол на Реал.

Конечните 5:3 ги постигна одличниот Вието откако Ал-Хилал ја искористи несериозноста и непромисленоста на Реал.

URL

Шпанскиот клуб на тој начин стигна до осмата титула клупски светски шампион, вкупно петта откако се одржува во форматот на Светското клупско првенство со клубови од сите континенти.

Со освојувањето на Светското клупско првенство, Реал Мадрид дојде до бројка од 100 титули на официјални натпреварувања, и стана прв клуб во светот што успеал во тоа.

URL

Реал е рекордер по бројот на титули во Лигата на шампионите, шпанската лига, Светското клупско првенство, а има трофеи и во многу други натпреварувања во кои учествувал, па синоќа славеа голем јубилеј, 100 победнички пехари во пребогатата клупска историја.

URL

Рекорди поставија и Тони Крос кој е прв со шест титули на светско клупско, и Карим Бензема кој дојде до 32-ри трофеј во кариерата и сега е најтрофеен Французин.

URL

Флорентино Перес има 31 титула како претседател на Реал, а Карло Анчелоти е третиот тренер кој има три титули на светско клупско.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе