Николоски: Две-третини за уставни измени под бугарски диктат нема и никогаш нема да има

Македонија пропаѓа затоа што двоецот Ковачевски-Ахмети наместо да нуди решенија неуспешно се занимава со спинови и подметнувања. Носат национални предавства, пробуваат да ги покријат со невешт ПР. Не оди тоа, а секогаш вистината е најлесна, вали потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, преку статус на Facebook.

„Неколку збора за вистината - цела година ја лажат јавноста дека преговараат со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, имале па немале, ги делат луѓето на проЕУ и антиЕУ, прогресивни и регресивни, вакви и такви, а вистината е желба за ден повеќе криминална власт!

2/3 во Собранието немаат и никогаш нема да имаат! Од ВМРО ДПМНЕ поддршка за уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има! Најдобар доказа за ова е што предлогот за уставни измени не го ставаат на гласање!

Им понудивме национално обединување на Македонците - го одбија! Станаа класични измеќари на ДУИ и Ахмети!

Прифатија договор со Бугарија катастрофален по македонските национални интереси, кој, се разбира, не можат да го испорачаат. Ги предупредивме, а СДСМ игнорираше! Една година потоа после сите лаги и подметнувања СИТЕ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се ПРОТИВ бугарскиот диктат и се столбот на одбраната на македонскиот национален идентитет.

Понудивме и решение на проблемот што тие го создадоа, а не можат да го решат. Одбија!

Кодошат и ја злоупотребуваат меѓународната заедница, одлучија наместо да прифатат решение да спинуваат. Лоши 'спин доктори'!

Прифаќање на бугарски диктат нема, но може да има заштита на националните интереси и наместо да се приклучат одлучија да прават негативна кампања со невистини демек ВМРО-ДПМНЕ прифатил нешто, а јасно е година дена дека не прифаќаме ништо од нивните лоши одлуки за Македонија!

Ние понудивме државнички пристап, а тие примитивизам и предавства. Нас Македонија, а на СДСМ Бугарија. Тоа е разликата!

Избори се решение, колку побргу заминат толку побргу ќе огрее сонцето за Македонија! Народот да каже за иднината на Македонија како врховен судија во политиката!“, се наведува во објавата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе