Nintendo Switch ја надмина продажбата на Wii конзоли

Рачната конзола Nintendo Switch ги надмина вкупните продажни резултати на конзолата Wii и стана најпродаваната во историјата на компанијата.

Switch имаше релативно силен празничен квартал, со 10,67 милиони продадени единици помеѓу октомври и декември и покрај глобалниот недостиг на полупроводници, а благодарение на овој резултат, вкупниот број на рачни продадени единици се искачи на 103,54 милиони. Тоа значи дека за помалку од пет години Switch ја надмина конзолата Wii која се продаде во 101,63 милиони примероци.

Испораките се сепак за 8 отсто пониски од година во година, но Nintendo е очигледно помалку погоден од проблемите со синџирот на снабдување отколку некои други производители. Sony соопшти дека продал само 3,9 милиони конзоли PlayStation 5 во истиот период. Nintendo исто така лансираше нов OLED модел на конзолата Switch во текот на последниот квартал и тврди дека е забележан добар старт.

Компанијата ги ревидираше прогнозите за продажба на Switch и ги намали за еден милион единици за фискалната година. Сега очекува да продаде 23 милиони конзоли наместо 24 милиони проектирани во ноември минатата година, што е уште едно намалување во однос на претходно очекуваните 25,5 милиони конзоли. На Nintendo ќе му требаат нешто повеќе од четири милиони конзоли во тековниот квартал за да ги оствари новите прогнози.

Кога станува збор за софтверот, римејк игрите Pokemon, Brilliant Diamond и Shinin Pearl, се продаваат добро, со комбиниран број од 13,97 милиони примероци. Mario Party Superstars продаде 5,43 милиони единици, The Legend of Zelda: Skyward Sword HD 3,85 милиони и Metroid Dread 2,74 милиони единици.

Nintendo штотуку ја објави добро прифатената игра Pokemon Legends: Arceus, која треба да ја подобри продажбата на софтвер во тековниот квартал, а Kirby and the Forgotten Land ќе пристигнат во март.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе