Ниту лошиот сигнал веќе не е проблем: Google има 3 нови функции за полесно пребарување

Покрај подобреното пребарување кога интернет сигналот е слаб, новите опции носат поинтуитивно пребарување користејќи ги понудените термини и слики.

Три целосно нови функции за пребарување на интернет доаѓаат на популарниот пребарувач Google, со намера да им го олесни искуството на прелистување на корисниците на компјутери и мобилни уреди.

Американскиот интернет гигант ги објави и објасни новите опции во објава на својот корпоративен блог.

Предлози за пребарување врз основа на пребарувања на други

Првата новост носи „помош во инспирацијата при пребарување на интернет“, односно на корисниците им дава предлози за прашања за пребарување на интернет што ќе се појават во прелистувачот.

Предлозите се прикажуваа и до сега, но во иднина ќе се прикажуваат дури и пред корисниците да го внесат првиот збор во полето за пребарување. Според Google, тие ќе се базираат на претходни пребарувања, како и слични пребарувања од други корисници.

Google за пример зеде јадење од корејската кујна. Ако сте го барале, следниот пат кога ќе почнувате пребарување, можеби ќе добиете други предлози од популарни јадења од корејската кујна, вклучувајќи ги и нивните фотографии.

Повеќе слики за предложените пребарувања

Друга иновација е прикажувањето на фотографии покрај предлозите за пребарување текст, под полето за пребарување. Тие ќе се појават веднаш додека корисниците го пишуваат терминот што сакаат да го пребаруваат.

Досега меѓу предлозите беа прикажани фотографии што целосно одговараа на конкретните поими за пребарување. Сега, при пребарувањето во Google Chrome ќе се прикажат фотографии и други предлози, односно поголем број категории поврзани со пребаруваниот поим.

Пребарувајте дури и со лоша интернет конекција

Благодарение на „напредните можности“ на пребарувањето на Google, во иднина, дури и кога интернет сигналот е многу бавен, предлозите за пребарување ќе се прикажуваат на уредите со Android и iOS веднаш штом ќе почнете да ги пишувате првите букви во пребарувачот.

Со цел пребарувањето да биде успешно дури и кога интернет врската е слаба, Chrome прво ќе ги преземе read-only моделите што ги содржат најпопуларните предлози за пребарување од локалните сервери на Google и потоа ќе ги складира во папката на корисникот.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе