Nokia ќе подели 14.000 откази

Финскиот телекомуникациски гигант Nokia ќе укине меѓу 9.000 и 14.000 работни места до крајот на 2026 година за да ги намали трошоците.

Одлуката доаѓа откако компанијата пријави пад на продажбата од 20% во периодот меѓу јули и септември. Компанијата ги припиша лошите резултати на забавувањето на побарувачката за 5G опрема на пазарите како Северна Америка.

Nokia моментално има 86.000 вработени ширум светот, а од 2015 година укинала илјадници работни места. Тие најавија дека до 2026 година сакаат да ги намалат трошоците меѓу 800 и 1,2 милијарди евра. Тие тврдат дека нивните клиенти ги намалиле трошоците во услови на висока инфлација и зголемени каматни стапки.

Извршниот директор Пека Лундмарк рече дека напредокот во вештачката интелигенција ќе бара „инвестиции во мрежи кои имаат значително подобрени способности“.

„Сепак, со оглед на неизвесниот момент на закрепнување на пазарот, сега преземаме решителни чекори“, рече тој, пренесе BBC.

„Отказите беа тешка одлука“

Тој додаде дека сакаат да „дејствуваат брзо“ со намалување на трошоците за 400 милиони евра во 2024 година и за 300 милиони евра во 2025 година.

Тој нагласи дека и покрај „константната неизвесност“ Nokia очекува „подобрување во мрежниот бизнис“ во тековниот квартал. Компанијата одби да прецизира точно каде ќе се намали бројот на работни места.

Тие нагласија дека отказите биле „тешка деловна одлука“, но се „неопходен чекор за прилагодување на неизвесноста на пазарот и заштита на долгорочната профитабилност и конкурентност“.

„Имаме неверојатно талентирани луѓе во Nokia и ќе ги поддржиме сите засегнати од овој процес. Сега започнуваме процес на консултации за првичните намалувања“, рече портпаролот.

Nokia некогаш беше најголемиот светски производител на мобилни телефони, но не успеа да го предвиди растот на напредните телефони со екран на допир, како што се iPhone на Apple и Galaxy на Samsung, и беше соборена од конкурентите. Откако го продаде својот телефонски бизнис на Microsoft, Nokia се концентрираше на телекомуникациска опрема.

Тагови
реклама

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе