Норвежаните го прославија укинувањето на ковид мерките со забави и тепачки

Б.С.Б.
/ 27.09.2021 / 08:25

Во Норвешка укинувањето на мерките против коронавирусот беше прославено на бурен начин.

Во градовите беа организирани големи забави, ноќните клубови и пабовите преполни, а локалните медиуми наведуваат дека атмосферата била прилично бурна.

Неколку луѓе побарале медицинска помош бидејќи се онесвестиле додека чекале во долги редици. Во повеќе градови полицијата регистрирала тепачки, имало повредени, но и уапсени.

„Имаше прекршоци и насилство“, соопшти Руне Хекејстранд од полицијата во Осло, додавајќи дека има и потешко повредени.

Во Тонсберг дошло до масовна тепачка во пристаниште, додека во регионот Агдер поради неред се уапсени 12 луѓе.

Норвешка пред два дена ги укина мерките бидејќи е постигнат висок степен на вакцинирани луѓе, веќе нема потреба од физичка дистанца и ограничен број луѓе кои можат да присуствуваат на настани и собири.

Единствено на сила е одредбата за карантин во случај на инфекција со коронавирусот, додека постепено се укинуваат ограничувањата за влез во земјата.

Remote video URL
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе