Нов пад на Волстрит: Меѓу губитниците се Amazon, Alphabet, Tesla...

Вчера на Волстрит берзанските индекси паднаа втор ден по ред, бидејќи по новите економски показатели, надежите на инвеститорите дека американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки уште во март дополнително ослабна.

Dow Jones загуби 0,25 отсто, на 37.266 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,56 отсто, на 4.739 поени, а индексот Nasdaq 0,59 отсто, на 14.855 поени. Инвеститорите вчера ги поколеба фактот што во САД во декември потрошувачката се зголеми за 0,6 отсто на месечно ниво, повеќе од очекуваното.

Ова е позитивна бројка бидејќи покажува дека личната потрошувачка, најголемиот двигател на бруто домашниот производ (БДП), постојано расте, но инвеститорите беа поколебани од намалувањата на каматните стапки. Имено, растот на потрошувачката укажува дека растат платите и побарувачката, а тоа би можело да го поддржи и растот на потрошувачките цени.

Паднаа и европските берзи

А тоа, пак, значи дека инфлацијата би можела да остане на покачени нивоа подолго од очекуваното, така што ФЕД нема причина да брза со намалување на каматните стапки. На крајот на минатата година цените на акциите нагло пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека ФЕД агресивно ќе ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од состанокот во март.

Сепак, овие надежи оттогаш стивнаа поради стабилниот раст на економијата и пораките на првиот човек на централната банка дека нема потреба да се брза со намалување на каматите. Пред десет дена се проценуваше дека има речиси 80 отсто шанси ФЕД да ги намали каматните стапки во март, но сега тие шанси се намалија на само 55 отсто.

Поради ова, приносите на обврзниците повторно пораснаа, што лошо се одрази на акциите на оние компании кои се многу чувствителни на промени на приносите. Поради ова, индексот S&P 500 на секторот за недвижности падна за 1,9 отсто, а под притисок се најдоа и акциите на голем број технолошки гиганти.

Цените на Amazon, Nvidia, Alphabet и Tesla се лизнаа меѓу 0,5 и 2 отсто. Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс загуби 1,48 отсто, на 7.446 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,84 отсто, на 16.431 поен, а париски CAC за 1,07 отсто, на 7.318 поени.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе