Нов скок на цената на нафтата, се чека одлука на ОПЕК

На глобалните берзи, цената на нафтата порасна минатата недела, за првпат од крајот на август, но значително флуктуираше бидејќи трговците стравуваат дека зголемувањето на каматните стапки од централните банки ќе предизвика рецесија, што ќе ја ослаби побарувачката за „црното злато“. 

Цената на барелот на лондонскиот пазар за испорака во ноември минатата недела порасна за 2,1 отсто на 87,96 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,9 отсто на 79,50 долари.

По четири недели пад, цените на нафтата пораснаа минатата недела, нешто подалеку од најниските нивоа во последните девет месеци.

„Променувањето на цените стана норма бидејќи трговците ја балансираат загриженоста за глобалната економија и најавите за можни намалувања на снабдувањето со нафта“, рече Стивен Бренок од брокерската компанија PVM.

Поради високата инфлација, централните банки на западните земји последниве месеци набрзина ги зголемуваат каматните стапки, а тоа ќе го забави растот на економиите, а се зголемуваат и ризиците од рецесија.

Американскиот ФЕД ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени во последните три сесии, а неговите лидери најавуваат натамошни зголемувања.

Рекордна инфлација

Минатата недела беше објавено дека инфлацијата во еврозоната во септември достигна рекордни 10 отсто, па наскоро се очекува Европската централна банка втора сесија по ред да ги зголеми каматните стапки за агресивни 0,75 процентни поени.

Негативно на цената на нафтата имаше и веста дека во септември производството на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) достигна највисоко ниво од 2020 година, надминувајќи го договорениот пораст.

Од друга страна, цените се поддржани од очекувањата дека ОПЕК ќе го намали производството, поради забавувањето на економскиот раст и зголемувањето на каматните стапки.

ОПЕК и неговите сојузници на состанокот на 5 октомври ќе одлучат дали ќе го намалат производството за 500.000 до 1 милион барели дневно.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе