Новата минисерија на Netflix веднаш стана контроверзна: Критики за сцените со перверзен секс

Најновата адаптација на бисерот на Дикенс ја напиша Стивен Најт, автор на серијата Peaky Blinders, а Оливија Колман ја глуми госпоѓицата Хавишам во мини-серијата од шест дела.

Приказната на Чарлс Дикенс за доброто момче Пип кое му помага на страшен затвореник да избега, за да излезе од своето сиромашно милје и да стане господин и придружник на девојката Естел, посвоена ќерка на лудата госпоѓица Хавишам, е канонски роман, не само на англиската литература, туку и наративен камен-темелник во животот на многумина.

Нешто постарите генерации го запознаа „Големите очекувања“ (1861) преку филмот на Дејвид Лин од 1946 година. Со тој филм, како и со адаптацијата на „Оливер Твист“ две години подоцна, големиот британски режисер во голема мера го обликуваше начинот на кој сè уште го замислуваме дикенсовиот викторијански свет.

„Големите очекувања“ досега имаше приближно 17 екранизации, а во 1998 година, Алфонсо Куарон ја постави приказната во денешен Њујорк, каде што ја видовме Гвинет Палтроу како разгалената и горделива Естел. Но, клучниот лик, а со тоа и улогата на оваа приказна, е госпоѓицата Хавишам, ексцентрична и луда аристократка која живее во нејзината венчаница, неколку децении откако нејзината венчавка била откажана бидејќи младоженецот ја оставил пред олтарот. Во современиот Њујорк, таа манипулативна богаташка беше Ен Банкрофт, а само во последните неколку години ги видовме Џилијан Андерсон и Хелена Бонам Картер во таа улога, било во минисерии или во филмови.

Најновата адаптација на бисерот на Дикенс ја напиша Стивен Најт, автор на серијата Peaky Blinders, а Оливија Колман ја глуми госпоѓицата Хавишам во мини-серијата од шест дела. Меѓутоа, оваа брутална и валкана екранизација во која сведочиме на зависност од дрога и перверзен секс, и која е ефикасна комбинација на Peaky Blinders и Bridgerton, во Велика Британија најмногу предизвика бес и многу лоши критики.

Најт успеал уште повеќе да ја нагласи суровоста на тој свет; Сестрата на Пип, Сара (Хејли Скваерс) е претставена како побожна доминатрикс, додека и госпоѓица Хавишам и нејзината посвоена црна ќерка Естел се зависнички од опиум! Секако, главната атракција на серијата е Оливија Колман како страшната луда госпоѓица Хавишам, со крвави заби, испукани капилари, стаклени очи. Опиумот е злобното наследство на нејзиниот татко, кој своето богатство го стекнал тргувајќи со егзотичен производ кој во тоа време сè уште бил легален. Акцентот е ставен на нејзината суровост, злоба и склоност кон манипулација - има малку од скршеното срце на напуштената невеста.

Особено убедлив е младиот Пип (Том Свит), момче со огромни, љубопитни очи, имагинативен лажго со добро срце, кој верува во моќта на големата империја во која живее, иако општеството воопшто не го фаворизира. Возрасниот Пип е Фион Вајтед, кој, кога ќе наполни 18 години, е прифатен од адвокатот Џегерс, ефективно портретиран од актерот и рапер Ешли Томас. Пип сè уште не знае дека неговиот добротвор кој го издигнал од дното на општеството не е госпоѓицата Хавишам, туку Магвич (Џони Харис), избеганиот затвореник на кој му помогнал.

Во продолжение можете да го погледнете трејлерот за серијата Great Expectations:

Remote video URL

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе