Новата историска серија „Vikings: Valhalla“ на Netflix за кратко време стана најгледаната серија на популарната платформа.
Станува збор за спиноф на популарната серија „Vikings“, а дејството е сместено во 11 век и ги следи авантурите на некои од најпознатите Викинзи кои некогаш живееле, како легендарниот скандинавски истражувач Лејф Ериксон, неговата сестра Фрејдис Ериксдотер и амбициозниот нордиски принц Харалд Сигурдсон.
Новата историска серија ги одушеви гледачите и се наоѓа на првото место на глобалната листа на најгледана серија на стриминг платформата.
Во рок од две недели гледачите минале повеќе од 113 милиони часа гледајќи ја серијата, додека на второ место е „Inventing Anna“ со 77.5 милиони часа гледање на глобално ниво.
Од Netflix се многу задоволни од гледаноста, па веќе потпишаа за втора и трета сезона.