Новата сезона на Emily in Paris ги разочара фановите и критичарите

На Netflix пристигна новата сезона на популарната серија Emily in Paris, а фановите и критичарите на серијата имаат главно негативни мислења.

Во третата сезона, Емили сè уште работи за француската ПР фирма со добро познатите колеги и се обидува да балансира меѓу љубовниот живот и кариерата, а исто така да открие на кој маж му припаѓа нејзиното срце. повторно е во триаголник, а на деловен план е растргната помеѓу Силвија, која ќе основа своја компанија, и Американката Медлин.

Пофалби за модните избори

Во третата сезона повеќе внимание добива и најдобрата пријателка на Емили, Минди. И Емили го промени својот изглед и сега покрај вообичаената брановидна фризура има и кркми, а тој детаљ особено им се допадна на обожавателите.

На социјалните мрежи, како и во медиумите, помалку се пишува за вистинскиот заплет и драмата во серијата, а многу повеќе за облеката што ја носат актерките. Работата е што во третата сезона Мерилин Фитуси го презеде местото на костимограф од Патриша Филд и имаше комплексна задача, а тоа е дека аутфитите не смее да се повторуваат, туку мора да бидат поинтересни. Таа за Harper's Bazaar изјави дека има повеќе слобода во работата и дека соработувала многу тесно и интимно со актерите, особено со Лили Колинс.

Нашиот коментар: Колку модно несовесно од неа во 2022 година!

Ова е повторно де жа ви на рецептот на Sex and the City (за сличностите меѓу двете серии и разочараноста уште од првата сезона веќе пишувавме), каде Филд го основа правилото главните ликови никогаш да не се појават во ист аутфит.

Критичарите и фановите не се задоволни

Што се однесува до самиот заплет, нема да го расипеме, но Rolling Stone пишува дека „серијата ја изгуби магијата во збрканата трета сезона“ и дека „некогаш саканата серија на Netflix почна да се повторува, додека нејзините фанови продолжија понатаму“. Попатно го истакнаа детаљот во серијата кој најмногу ги фрустрира.

„Она што е најфрустрирачко во новата сезона е тоа што дури и кога некој лик е принуден да донесе одлука, тоа е ем предвидливо, ем без последици“, пишува Rolling Stone.

Што се однесува до реакциите на фановите на серијата, тие не се толку негативни.

„Досега гледав сè, има многу пресврти на заплетот и неизвесен крај на сезоната“, „За жал, сезоната не може така да заврши“, „Да чекам уште една година до новата сезона? Кажи ми ќе дојде порано“, „Не ми кажувај дека ова е крај, дај ни среќен крај“, се дел од позитивните коментари, но се многу ретки.

За жал, има многу повеќе негативни. „Многу сум разочарана, ниту блиску до прва и втора сезона“, „Се изнервирав од оваа сезона, се надевам дека четвртата сезона ќе биде подобро направена“, „Многу досадна сезона“, „Безмислена сезона, губење време и труд. Соберете се", "Многу сум разочарана од сезоната во споредба со првите две. Приказната е бесмислена, како да немаат идеи. Штета е затоа што серијата беше доста добра. Не мислеа подалеку“, се само дел од негативните коментари.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе