Новата сезона на „Stranger Things“ надмина милијарда часови гледаност на Netflix

Првиот дел од четвртата сезона на „Stranger Things“ излезе на крајот на мај и ги воодушеви гледачите. Вториот дел пристигна нешто подоцна, на 1 јули и продолжи во истиот дух.

Четвртата сезона на популарната „Stranger Things“ стана втора серија на Netflix која некогаш надминала милијарда часа гледаност. Прва на таа листа и натаму е јужнокорејската „Squid Game“, за која не престануваше да се зборува минатата година.

Според податоците што ги објави Netflix, од објавувањето на новата сезона на „Stranger Things“, гледачите потрошиле 1,15 милијарди часа гледајќи ја серијата, додека само минатиот викенд оваа бројка изнесуваше 301 милион. Серијата исто така се рангираше во топ 10 на платформата во 93 различни земји, а според Netflix, претходните сезони исто така забележаа зголемување на популарноста.

Иако ова се секако импресивни бројки, системот за мерење на Netflix сè уште е прилично необичен. Имено, како што пренесува The Verge, платформата следи колку серии се гледани во првите 28 дена по објавувањето, но тие бројки многу варираат во зависност од тоа колку епизоди има вкупно, колку долго траат и слично.

Епизодите на „Stranger Things“ траат повеќе од еден час, што ѝ дава можност на серијата уште од самиот почеток лесно да го достигне врвот на рангирањето на Netflix. Во секој случај, неизбежно е да се работи за серија во која Netflix има вложено енормно во последните години, што на крајот се забележува при гледањето.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе