Нови 123 случаи, три лица починаа од COVID-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на COVID-19.

Во: Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Кичево-5, Ресен-5.

Починати се три лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 годиним наведоа од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.669, бројката на оздравени пациенти е 5.145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.079.

– Направените 1.312 тестови се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-132, Биотек-131, МАНУ -125, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-7, ГАК-13. Досега во земјата се направени вкупно 91.015 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, информираа од Министерството за здравство.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти.

– Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, 7 позитивни деца. Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19, посочија од Министерството. 

реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Македонија

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more
 

Вести

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе