Нови 541 случаи на заболени од COVID -19, починати 19 лица

Нови 541 случаи на заболени од COVID-19 од направени 2.789 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа во државата. Починати се 19 лица на возраст од 55 – 89 години, а оздравени 521 пациент.

Од новозаболените, 290 се во Скопје, 43 во Прилеп, 22 во Тетово, 21 во Охрид, 19 во Гостивар, по 16 во Кавадарци, Битола и Гевгелија, 15 во Велес, по 13 во Штип и Струмица, 12 во Ресен и 10 во Неготино. Во Куманово се регистрирани седум нов случаи, во Богданци – 5, Кочани и Свети Николе – по 4, Струга, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Валандово и Пехчево – по 2 и Кичево и Радовиш – по 1 нов случај.

Од починатите, според информациите на Министерството за здравство, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е починат во домашни услови.

Единаесет од починатите се од Скопје, по двајца починати има од Куманово и Кавадарци и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата изнесува 112.646. Бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати 3.319, а на активни случаи 11.640.

Досега се направени 566.183 тестирања. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе