Нови детали за инцидентот со Болдвин: На филмскиот сет имало големи проблеми

Пиштолот со кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимање и уби колешка, му го дал помошник режисерот кој му кажал дека е безбеден, покажуваат судските записи, а пренесува BBC.

Според судските записи, неименуваниот помошник не знаел дека во реквизитот има боева муниција.

Директорката на фотографија Халина Хачинс починала откако куршум ја погодил во градите. Режисерот Џоел Соуза, кој бил веднаш зад неа, е ранет. 48-годишниот режисер вчера беше пуштен од болница.

Полицијата соопшти дека ја зеле крвавата облека на Болдвин како доказ. Исто така, сите реквизити од сетот биле запленети.

Болдвин е испрашуван од полицијата, но сè уште никој не е обвинет. Болдвин рече дека целосно ќе соработува со полицијата.

Протест неколку часа пред кобниот настан

Според LA Times, неколку часа пред трагичниот настан за време на снимањето на филмот „Rust“ во Ново Мексико, дел од техничкиот персонал го напуштил местото на снимање во знак на протест поради лошите услови за работа. Имено, луѓето кои работат на филмот се револтирани од условите во кои се снима овој нискобуџетен филм.

Извор за LA Times изјавил дека на сетот на овој филм не се придржувале целосно до безбедносните протоколи. Минатата недела, најмалку едно лице се пожалило во продукцијата за безбедносни проблеми со оружјето.

Двајца вработени во LA Times објавија дека дублерот на Болдвин (лицето што го менува во одредени опасни сцени) минатата сабота случајно испукал два куршуми откако му било кажано дека пиштолот е „ладен“. Имено, терминот што се користи како знак дека во пиштолот нема вистински куршуми е „ладен“.

„Тогаш требаше да се спроведе истрага“, рекол анонимен извор од сетот.

Тие испратија порака до продукцијата за тоа како имале повеќе инциденти со употреба на вистински куршуми.

Трагедијата се случи во четвртокот

Да потсетиме, пукајќи од пиштол реквизит, актерот Алек Болдвин ја уби Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза на вестерн филм поставен во Ново Мексико во четвртокот, соопшти полицијата.

Полицијата пријавата ја добила во четвртокот околу 13 часот и 50 минути по локално време.

„Канцеларијата на шерифот потврдува дека две лица биле застрелани за време на снимањето на Rust. Директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) биле застрелани кога продуцентот и актер Алек Болдвин (68) испукал куршум од реквизит“, се вели во полициското соопштение.

Хачинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде била констатирана смрт, додека Соуза со возило на брза помош бил пренесена во Регионалниот медицински центар Кристус Сент Винсент.

Која е убиената Халина Хачинс?

Убиената 42-годишна Халина Хачинс работеше на филмот како директор на фотографија. Дипломирала на Американскиот филмски институт во 2015 година, работејќи како директор на фотографија на акциониот филм Archenemy од 2020 година. Во 2019 година, American Cinematographer ја нарече „ѕвезда во подем“.

„Толку сум тажен што ја изгубив Халина. И толку лут што тоа се случи на снимање“, напиша на Twitter режисерот на „Archenemy“, Адам Иџипт Мортимер.

„Таа беше брилијантен талент, апсолутно посветена на уметноста и филмот.“

Хачинс, по потекло од Украина, израснала во советска воена база во Арктичкиот круг опкружена со „ирваси и нуклеарни подморници“, пишува Daily Mail.

Дипломирала меѓународно новинарство на Киевскиот национален универзитет во Украина и се преселила во Лос Анџелес каде направила кариера и основала семејство, а пред да замине во САД работела како новинарка во британска документарна продукција во Европа.

Имаше филмска кариера во различни филмови, како што се Archenemy (премиерата на Beyond Fest 2020 и беше во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал Sitges, освојувајќи номинација за најдобар филм), Darlin (2019), Blindfire (2020) и The Mad Hatter (2021), како и во голем број кратки филмови.

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе